Пирошка, позната и како 'Ирина' (1088 - 13 август 1134), била унгарска принцеза од родот на Арпадите и византиска царица, сопруга на царот Јован II Комнин.
Пирошка е родена во 1088 година во унгарскиот град Естергом. Таа била ќерка на унгарскиот крал Ласло I и Аделаида Швабска, а по мајчина линија била внука на германскиот антикрал Рудолф Рајнфилд и Аделхајд Савојска. Мајката на Пирошка починала во 1090 година, а кралот Ласло I на 2 јули 1095, по што унгарската круна била наследена од внукот на Пирошка, кралот Калман.
Обидувајќи се да ги подобри односите со византискиот цар Алексиј I Комнин, Калман започнал преговори за склучување на брак меѓу Пирошка и Јован II Комнин, најстариот син на царот Алексиј I Комнин, кој веќе бил и негов соцар . Преговорите меѓу Византија и Унгарија завршиле успешно и во 1104 година Пирошка пристигнала во Цариград, каде го прифатила православието и името Ирина, по кое била венчана за Јован II Комнин.
Деца Пирошка на Јован II му родила осум деца: Алексиј Комнин (февруари 1106; † летото 1142), соцар од 1122 до 1142 Марија Комнина (февруари 1106; † 1143/55; близначка на Алексиј), се омажила за Јован Рогериј Даласин, во 1143 претендент за престолот, во 1152 дук на Струмица Андроник Комнин († 1142) Ана Комнина (* 1100), се омажила за Јован Контостефан († 1139) Исак (* 1115; † 1154/74), "Севастократор" Теодора Комнина (* 1116; † како вдовица и калуѓерка 12 мај 1157), се омажила за Мануел Анемас († 1146/47) Евдокија Комнина (* 1119), се омажила за Теодор Ватациј, генерал и дук на Киликија Мануил I Комнин (15 август 1118; † 24 септември 1180), византиски цар (1143 - 1180)
Пирошка имала мала улога во политичкиот живот на Византија. Царицата целосно била посветена на своите деца. Умира на 13 август 1134 година.
Надворешни врски
Her profile along with her husband in "Medieval Lands" by Charles Cawley
Категорија:Византиски царици Категорија:Комнини Категорија:Византијци од 12 век Категорија:Погребани во манастирот „Христос Седржител“ (Цариград) Категорија:Преподобни Категорија:Светици Категорија:Христијански светци од 12 век Категорија:Византиски светци Категорија:Починати во 1134 година