мини|378x378пкс|Карта на Горна Река со историските и денешните населби Горна Река () — географска и етнографска област која го зафаќа северниот дел од Реканскиот Регион, односно горното течение на реката Радика, во Западна Македонија. Нејзината територија административно им припаѓа на општините Маврово и Ростуше и Гостивар. Подрачјето е населено со муслиманско и православно христијанско население со албански како мајчин јазик, познато под името Шкрети, главно со македонско и во помал дел со албанско самосознание.
Горна Река е изразит планински предел ограничен од планините Кораб на запад, најјужната огранка на масивот на Шар Планина — Ничпурска Планина на север и Бистра на исток, додека на југ е отворена кон долината на Радика, но како пределна граница со Долна Река ја има клисурата Барич. Пределот е изразито алпски и суров со пасишта и говеда. Во поново време, најголемо населено место е селото Врбјани. Областа претставува изолирано и неразвиено подрачје со ограничени комуникациски врски, така што пристапот до него е отежнат во снежни услови за време на зимските месеци.
Населението на областа низ историјата главно се занимавало со земјоделство, а дел од него и денес се занимава со оваа стопанска дејност. Во минатото, областа била склона на иселување поради сезонските или постојаните преселби кон околните области, но и во странство во потрага по повисок животен стандард. Во текот на XIV век, Горна Река била дел од Српското Царство, а по неговиот распад во 1371 година станало дел од Прилепското Кралство со кое владеела династијата Мрњавчевиќ до 1395 година, кога територијата ја освоил отоманскиот султан Бајазит I и истата била дел од Отоманското Царство до Балканските војни во 1912-13 година. Во текот на XX век, таа најпрвин била дел од Кралството Србија, па од Кралството Југославија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија и денес од Македонија.
Географија Местоположба и пространство мини|десно|300п|Патот кон с. Беличица Реканскиот Регион е поделен на три дела, и тоа: Мала, Долна и Горна Река. Освен како дел од Реканскиот Регион, Горна Река се сметала и од албанска гледна точка и натаму се смета за дал од поголемата област Дебар, кој опфаќа повеќе области во околината на градот Дебар, сместени на обете страни од македонско-албанската граница.Osmani. Veshja autoktone. (2012). стр јулиOsmani. Veshja autoktone. (2012). стр август
Горна Река се граничи со Косово на север и Албанија на запад. Областа претставува планинско подрачје со алпски пасишта кои се сместени во горниот тек на реката Радика, а потоа продолжува како Долна Река сè до месноста Бошков Мост, блиску до вливот на Мала Река. Северна и североисточна граница на Горна Река е планината Враца во склоп на Шар Планина, која се протега во близина на Ничпурската Планина со највисок врв Лера (2.194 м). Северозападната и западната граница на областа се движи долж планината Кораб со највисок врв Голем Кораб (2.753 м). Тесниот превој меѓу планините Кораб и Шара на надморска височина од 1.920 м овозможува комуникација и заемодејствие со етногеографската област Гора. Низ овој превој, кој ги поврзува тромеѓниот врв Шерупа (2.092 м) и планината Враца поминува најпогодната комуникациска врска (автомобилски пат, пешачки и козји патеки) меѓу историското село Штировица во најсеверниот дел на Горна Река и селото Рестелица на јужниот раб на областа Гора во Косово.
Јужната граница на областа е десниот брег на Радика меѓу селата Врбјани во Горна и Жировница во Долна Река, која ги отсликува комуникациските и географски ограничувања меѓу двете области поради планината Кораб. Патот кој ги поврзува овие две села претставува главен вид на комуникација меѓу двете области во подрачјето кое се простира сè до Дебар. Источниот дел од јужната граница се простира лево од долината на Радика и во тој дел е сместена планината Бистра со највисок врв Меденица (2.163 м). Источниот пат кој се вкрстува со останатите патишта кај селото Волковија започнува од селото Врбен на источната граница на Горна Река. Патот понатаму продолжува до селото Маврови Анови и Мавровското Езеро, а понатаму продолжува кон градот Гостивар. Освен главното течение на Радика, низ Горна Река течат нејзините притоки Длабока, Бродечка и Рибничка Река.Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 15-21. Планинските пасишта кои месното население ги користи за пасење на стоката главно се сместени во планинските предели Речка Планина, Нистровски Кораб и Ќафа Кадис. Вкупната површина која отпаѓа на пасиштата во оваа област изнесува 358,8 км2.Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 25; 22-26.
Клима мини|десно|170п|Рисот е подвид кој се среќава во областа Горна Река е единствената област во Македонија која се одликува со студена алпска клима. Поради големата надморска височина, оваа област е изложена на ветрови кои дуваат од различни правци. Од исток дува т.н. „бел ветар“ кој има силно влијание, а од југоисток и југозапад топлите воздушни маси носат врнежи од дожд.Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 21. Областа е изложена на невремиња, главно во текот на летото, додека врнежите од дожд, мразот и појавата на град се јавуваат во склад со сезонските временски услови. Зимите се долги со големи количества на снег, додека останатите годишни времиња се кратки. Снежните врнежи започнуваат кон средината на есента, а се задржуваат сè до средината на пролетта. Често се случува врнежи од снег да бидат забележани до крајот на пролетта, а понекогаш и на почетокот од летото. Поради снежните врнежи, Горна Река често е комуникациски изолирана област за време на поголем дел од годината, така што односите со соседните подрачја се значително ограничени, а понекогаш дури е невозможно да се пристапи до него. Во минатото, населението било принудено за време на краткото лето да обезбеио доволно залихи на житарици, зеленчук и други намирници, имајќи предвид дека комуникацијата за време на зимата би била оневозможена.Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 24.
Жив свет Поголемиот дел од Горна Река, заедно со Долна Река, е дел од националниот парк Маврово."Tourist map of the National Park "Mavrovo"". National Park Mavrovo. Одделни делови на областа сè уште содржат шуми со стари и домородни видови на бука, особено во долината на Длабока Река и северниот дел од долината на Радика. Некои делови од шумата биле исечени во текот на 1950-тите за да може да се отвори пат за изнесување на стоката на пасиштата. Горна Река, исто така, е дом на критично загрозениот балкански рис.Knapp, H. D.; Schroeder, C. & Schwaderer, G. (2013). Report of the Excursion to Ancient Beech Forests in Albania and Macedonia July 14-19, 2013 (Report). Euronatur. стр. 11-12.Melovski, L., et al (2013). "Regional division of the Republic of Macedonia for the needs of biological databases. " Macedonian Journal of Ecology and Environment. 15. (2): 88. Се смета дека во овој регион се наоѓаат помалку од 100 единки.В., Л. и Ч., М.. „Промоција на балканскиот рис“. МИА. 12 јули 2014.
Историја Потекло
Постојат разни теории за потеклото на населението на Горна Река и неговата поврзаност со балканското население. Еден од првите автори кој пишувал на таа тема бил српскиот новинар Спиридон Гопчевиќ. Во неговиот труд за Балканот, кој денес не ужива доверба,Promitzer, C. (2015). "Austria and the Balkans: Exploring the role of travelogues in the construction of an area." In Kaser, Karl (ed). Southeast European Studies in a Globalizing World. Lit Verlag. стр. 204-205. тој наведува дека населението на оваа област се „албанизирани Словени“. На крајот од 1890-тите, Штилијан Чапароски и фолклористот Панајот Гиноски, обајцата од Галичник, тврделе дека горнореканските говори претставуваат „искривен“ албански кого го разбира само месното население, а содржи мешавина на словенски и албански зборови.Anastasovski, N. (2008). The Contest for Macedonian Identity 1870-1912 . Pollitecon Publications. стр. 86.Murati. Gjuha e humbur. 2011. стр. 91. Рускиот јазичар Афанасиј Селишчев во 1930-тите години напишал дека жителите на Горна Река биле Словени потчинети на албанизација, делумно поради некои топоними кои претставуваат албански превод на словенски облици.Selishchev, A. M. (1931). Slavjanskoe naselenie v Albanii. Sofija. стр. 15. Македонскиот и српски етнограф Томо Смилјаниќ од Тресонче изјавил дека Горна Река во пресрет на Првата светска војна имала 274 автохтони домаќинства, а од нив 109 домаќинства имале потекло од области кои станале дел од Албанија во некој миг, а 9 домаќинства од други области. Смилјаниќ потврдил дека населението на Горна Река води потекло од словенските Мијаци, кои тој ги сметал за Срби кои го прифатиле албанскиот јазик помешан со словенски зборови.Smiljanić, T. (1937). Debarski Poljani I Rekanci . Narodna Starina. стр. 72-73-74; 76 Поради некои патронимни имиња на семејствата, српскиот филолог Душан Неделковиќ тврдел дека некои семејства од Горна Река имаат влашко потекло заедно со словенските корени кои се албанизирани. Историчарот Ник Атанасовски, кој работел во Долна Река, тврдел дека подрегионите Мала, Долна и Горна Река биле потчинети на исламизација, но не и колонизација.Anastasovski. Macedonian Identity. 2008. стр. 86. За разлика од него, македонскиот антрополог Мирјана Мирчевска, која работела во Горна Река во текот на 2000-тите, тврди дека и муслиманите и христијаните од овој регион водат потекло од македонските Словени со можни албански елементи во нивната етногенеза. Населението во XVIII век било исламизирано и албанизирано со доаѓањето на католичките и муслимански Албанци од областа која е денес Албанија. Мирчевска исто така наведува дека несловенскиот карактер и потекло на поединци од Горна Река, забележан во отоманскиот катастар и воочен кај современите семејства, всушност има влашко потекло. Овие тврдења се темелат на имиња од минатото, но и изразите од современиот јазик кои може да се поврзат со влашкиот, но не и со албанскиот јазик.Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 48-53; 156; 232; 233. thumb|left|200px|Куќата на Глигоровци, во Волковија, примерок на градителството во Горна Река