Митино — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 6 километри североисточно од градот Петрич, во Светиврачко-петричката Котлина, на десниот брег од реката Струмица. Атарот на селото зафаќа простор од 6.055 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 147 метри. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 500 мм. Почвите се делвијални и алувијални.
Ридот Митино на Антарктичкиот Полуостров е именуван по селотоСправочник на българските географски имена в Антарктика. Комисия по антарктическите наименования. София, 2015.Mitino Buttress. SCAR Composite Antarctic Gazetteer..
Историја Митино е село со богата античка историја. Во селото се пронајдени археолошки остатоци од неолитско, бакарно, античко и средновековно време.
Османлиско Царство
Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, 1649 и 1659-1660 година под името Митиново. Според првиот дефтер, во селото живееле 14 христијански семејстваТурски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.639-640.
Во текот на 19 век, селото е чисто македонско, и припаѓа на Петричката Каза. Во месноста Аништата, кај селото имало голем ан, во кој престојувале трговските каравани од Струмичко и Егејско, патувајќи кон МелникЕнциклопедия "Пирински край". Том 1, Благоевград, 1995, стр.577.. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Митиново (Mitinovo) се состоело од 32 куќи, од кои 125 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
Во 1891 година, Георги Стрезов за Митино напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 256 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 98-99..
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 863.
Бугарија
Селото било ослободено од отоманската власт во октомври 1912 година. Во 1913 година, за време на војната, селото било запалено при повлекувањето на грчката војскаКарнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.. По околу една година, неговите жители се вратиле во селото. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Привремено во селото биле сместени бегалци од Егејска Македонија, кои во 1932 година се преселиле во денешното село Дрангово.
Население +Население на Митино по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 165 220 285 332 340 338 377 358 344 354
+Население по возраст од 2011 година:
Личности Огнен Тетимов (р. 1964), бугарски политичар.
Наводи
Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија