Стефан Марковски (, ) — македонски раскажувач, поет, сценарист и филозоф.
Животопис
Стефан Марковски е роден во Гевгелија, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“, како и на Институтот за Филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Магистрирал Филмско и ТВ сценарио на Факултетот за драмски уметности.
Пишува уште од основноучилишните денови, кога ги завршил и своите први книги.
За романот „Еднонасочно“ во 2009 година, тој ја добил наградата „Петре М. Андреевски“ за роман на републичко ниво од Фондацијата „Рамковски“.Романот „Еднонасочно“, добитник на наградта Петре М. Андреевски за 2009, промовиран во Гевгелија
Во 2014 година, на него му било врачено признанието „7 ноември“ на Општина Гевгелија, за достигнувања во културата и придонес во културната афирмација на општината.Објавени добитниците на Седмоноемвриската награда на Гевгелија
Добитник е на „Гран При“ на поетскиот фестивал „Литературни Искри“ од Гостивар, како и на наградата „Македонска книжевна авангарда“ за збирката раскази „Продавачот на ветар и магла и други приказни“.
За поетската збирка „Сиво сјаат вселените“ во 2016 година, тој ја добил наградата „Бели мугри“, а следната година и наградите „Крсте Чачански“ и „Книжевно перо“ од Хрватското книжевно друштво за збирката кратки раскази „Смртта долетува насмевната“, Книжевен круг за „Фауст го трча плебејскиот круг“.
Во 2022 година, тој ја добил и наградата „Празник на липите“ доделувана од страна на Друштвото на писателите на Македонија, за најдобра песна напишана по повод истоимената манифестација.
Добитник е и на неколку домашни и странски награди за есеи, филмско сценарио, како и на книжевни резиденции.
Застапен е во повеќе меѓународни антологии. Објавува студии и статии во различни списанија за книжевност , уметност, наука и филозофија од земјата и странство.
Извадоци од неговото творештво и книги се преведени и објавени на повеќе јазици.
Марковски е главен и одговорен уредник на списанието за книжевност, култура и уметност „Современост“ и е член на редакцијата на ревијата „Стожер“ во издание на Друштвото на писателите на Македонија.
Уредник е и на поетските збирки вклучени во проектот „Метрички карван“.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија, платформата „Версополис“, Македонскиот центар на Меѓународниот театарски институт (ИТИ) и други меѓународни здруженија.
Во 2023 година, тој бил иницијатор за зачленувањето на Друштвото на писателите на Македонија во Европскиот писателски совет. мини|Настап и предавање на Марковски во библиотеката „Сан Херонимо“ во Сан Себастијан, Шпанија.
Творештво Марковски е автор на дела од повеќе области и жанрови, вклучувајќи прозни, поетски, драмски и теориски книги.
Романи: Еднонасочно, 2009; Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено, 2018; Анатомија на бумбарот, 2021. Новели: До_адната книга, 2024. Раскази: Продавачот на ветар и магла и други приказни, 2015; Смртта долетува насмевната, 2017, Фауст го трча плебејскиот круг, 2020. Поезија: За некои спомени од онаа некогашност, 2010; Апеирон, 2010; In Nomine, 2016; Сиво сјаат вселените, 2016; По трагата на белиот грифон; 2018, Хипербог, 2019; Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови, 2022; Светлината во нашите вени, 2024. Психолошки и филозофски дела: Хиерархиска еволуција на свеста, 2012; Мета(де)конструкција и општа филозофија, 2012; Среќата е глагол, 2013; Среќата е глагол: второ издание, 2023. Драма: Мајстори за огледала, 2019. Теорија: Потенцијалите на жанрот крими-драма преку сценариото за игран филм „Се викам Слобода“, 2019.
Во 2019-та бил објавен и поетски избор од Марковски на македонски и англиски јазик насловен Promised Land.
Неговите романи „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ и „Анатомија на бумбарот“, како и збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ се исто така објавени на англиски јазик и достапни на голем број меѓународни книжевни платформи.
Покрај своето книжевно творештво, Марковски е автор на трудови, меѓу кои и на прегледен труд од областа на неврофилозофијата, насловен „Улогата и влијанието на неврофилозофијата врз современите когнитивистички и физиолошки парадигми за свеста“, објавен во 2018 година, како и „Вештачката интелигенција и можноста за програма-генератор на текстови на македонски литературен јазик“, студија која ги анализира можностите за развивање оперативна вештачка интелигенција на македонски јазик.
Наводи
Надворешни врски Стефан Марковски во меѓународната поетска антологија „Хибискус“ „Еретички писма“ на Стефан Марковски објавен на англиски јазик Роман на гевгеличанецот Стефан Марковски најпродаван на платформата ,,Амазон“ Стефан Марковски - човек на перото Стефан Марковски: Нобеловата за Дилан ми се причини паравест Марковски - моето творештво има катарзичка функција Стефан Марковски до младите писатели: Усовршувањето на авторот е невозможно без поголем творечки потфат
Категорија:Луѓе од Гевгелија Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски драматурзи Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски сценаристи Категорија:Македонски филозофи Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на Македонска книжевна авангарда Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Магистри на Факултетот за драмски уметности - Скопје