Елен лопатар () — цицач од семејството на елените (Cervidae) домороден во Евроазија (вклучувајќи ја Македонија), но потоа внесен во многу краишта како ЈАР, Фернандо По, Саун Томе, Мадагаскар, Маврициус, Мајот, Реинион, Сејшелите, Коморите, Мароко, Алжир, Тунис, Кипар, Зелениот ’Рт, Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД, Фолкландските Острови и Перу.LONG JL 2003. Introduced Mammals of the World: Their History, Distribution and Influence (Cabi Publishing) by John L. Long (ISBN 9780851997483)
Таксономија Некои таксономисти го вклучуваат пореткиот персиски елен лопатар како подвид (D. d. Mesopotamica), додека други го третираат како различен вид (D. mesopotamica). Белоопашестиот елен (Odocoileus virginianus) некогаш била класифициран како Dama virginiana, а еленот муле или црноопашестиот елен (Odocoileus hemionus) како Dama hemionus; им бил даден засебен род во 19 век.
Опис мини|лево|Елени лопатари во околината на Бристол, Англија. Мажјаците се долги , високи и тешки . Кошутите (женките) се долги , високи и тешки . Најголемите мажјаци достигнуваат во должина и во тежина.Burnie D and Wilson DE (Eds.), Animal: The Definitive Visual Guide to the World's Wildlife. DK Adult (2005), ISBN 0789477645 Младенчињата се раѓаат напролет со големина од и тежина од околу . Животниот век на еленот лопатар е 12–16 години.
Единките прилично се разликуваат по боја, при што постојат четири главни варијанти: обична, менилна (светлa) меланистична и леукистична. Најсветли се белите, а потемни се обичните и менилните, додека пак меланистичните се многу темни, па дури и црни (лесно можат да се помешаат со дамчестиот елен).
Највеќето стада се состојат од обични единки, но неретко се среќаваат и менилни единки. Меланистичните единки се поретки, а белите пак најретки, освен новозеландските стада, кои имаат по многу меланистични единки.
Само мажјаците имаат рогови, кои првите две години се шилести, а потоа го добиваат карактеристичниот лопатест облик. По исхрана се тревопасни и претпочитаат мешани шуми и отворени тревести предели. Во парната сезона, мажјаците се расејуваат, а женките се движат меѓу нив. Ова е посебно поведение кое не се јавува во остатокот од годината, кога единките настојуваат да бидат заедно во групи до 150 единки.
Ова е мошне брзи и агилни животни кои развиваат брзина до на кратки растојанија, но не се побрзи од многу нивни сродници како срната поради послабата мускулатура. Можат да скокнат 1,75 м во висина и 5 м во далечина.
Распространетост и историја мини|десно|Леукистична и обична единка во Зоолошката градина во Скопје Еленот лопатар е евроазиски видUrdang, p. 476 кој бил домороден во речиси цела европа за време на последниот меѓуледнички период. Во холоценот, живеалиштето му е ограничено на Блискиот Исток и можеби, делови од Средоземјето, додека на југоисток живеел персискиот елен лопатар кој е поголемо тело и рогови. Утврдено е дека во Левантот, еленот лопатар играл значајна улога во исхраната на луѓето за време на палеолитската кебарска култура (17 000–10 000 п.н.е.), како што се гледа од наодите во северен Израел, но нивниот број се намалил за време на епипалеолитската натуфска култура (10000–8500 п.н.е.), што можеби се должи на поголемата сушност и губитокот на шумските предели.
Во Македонија мини|десно|Стадо елени во Зоо Скопје. Во Македонија еленот лопатар е присутен како внесен вид.. Неговата бројност флуктуира од година на година и од регион во регион. Најзастапен е во Источниот Регион. Еве ја бројната состојба во периодот од 2010 до 2014 г.
+Бројна состојба на еленот лопатар во Македонија, 2010-2014Година20102011201220132014Единки260495260476378
Родос Родоското домородно население на еленот лопатар е помало во просек од оној на Средна и Северна Европа, иако е слично обоено. Во 2005 година, откриено било дека родоскиот елен лопатар е генетски различен од сите други населенија и дека претставува итен интерес за зачувување. На влезот во пристаништето во градот Родос, статуи на мажјак и женка елен лопатар сега стојат на местото на која некогаш се наоѓал Родоскиот колос.
Поврзано Елени
Наводи
Литература FAO ANIMAL PRODUCTION AND HEALTH PAPER 27. (1982). Deer farming guidelines on practical aspects. ISBN 92-5-101137-0. Посетено на 4 January 2008. Clutton-Brock, J. (1978). A Natural History of Domesticated Animals. London, British Museum. Lyneborg, L. (1971). Mammals [of Europe]. ISBN 0-7137-0548-5. Level 1 DSC Training Manual. http://www.eskdalewildlife.com/training.html Urdang, Laurence. The Random House Dictionary of the English Language. 1969; Laurence Urdang, Editor in Chief, Random House.
Надворешни врски
Категорија:Елени Категорија:Цицачи на Македонија Категорија:Дивеч во Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Животни во Зоолошка градина Скопје