Свети Илија — главна манастирска црква на Мелничкиот манастир во мариовското село Мелница, Македонија.

Црквата била изградена во 1872 година во атарот на некогашното село Мелница, а денес во рамките на селото Полчиште. Се одликува со исклучително богат фрескоживопис создаден од познатиот зограф, Аврам Дичов, син на Дичо Зограф.

Местоположба

Црквата се наоѓа во непосредна близина на некогашното село и до современиот регионален пат 1107.

Историја

мини|300п|лево|Историска фотографија на манастирската црква

Темелите на црквата биле поставени во 1870 година на иницијатива на Стале Чешелков од селото Полчиште, која била планирана да биде главна манастирска црква на тогашниот Мелнички манастир (понекогаш наречен и Витолишки манастир), која била помогната од целото мариовско население.

Како ктитор на манастирската црква, а подоцна прогласен и за доживотен игумен на самата црква, се јавува Стале Чешелков, кој бил главниот иницијатор за изградба на манастирската црква и самиот манастир во целост. На барање на месното население бил насликан на ѕидовите од манастирската црква.

Изградбата завршила по неполни две години од нејзиниот почеток и веднаш биле повикани мијачките зографи од селото Тресонче предводени од Аврам Дичов, син на познатиот зограф Дичо Зограф.

Во рамките на манастирската црква постои натпис од 1872 година каде пишува дека со помошта на православните христијани од околните села бил изграден манастирот и главната манастирска црква од мајсторот Пере Лауца.

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна. Црквата е во добра состојба. Се забележува само подземна влага и конструктивни пукнатини.

Црквата била препокриена со ќерамиди и малтерисан тамбур.

Фрескоживопис

Црквата „Св. Илија“ го добила својот живопис во 1881 година, скоро една декада по завршување на нејзината изградба. Целата внатрешност на црквата била зографисана од рацете на мајсторот Аврам Дичов. Во црквата воедно се наоѓаат и голем број икони од век, работени од истиот зограф-иконописец што работел во црквите на мариовските села.

Во последните години се забележуваат траги на отпаѓања на самиот малтер на ѕидовите на црквата, како и уништување на вредниот живопис. Самиот манастир и главната манастирска црква е напуштен и е само повремено посетуван. Фреските на западниот дел од сводот се отпаднати, а слична е состојбата и со фреските во олтарниот простор и на северната страна на тамбурот на куполата.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Мелница

Наводи

Надворешни врски

Црква Св. Илија - Витолиште — Прилепечко-витолишка парохија Текст за манастирот и црквата Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Категорија:Храмови посветени на Свети Илија во Македонија Категорија:Мелнички манастир Категорија:Дела на Дебарската школа