Роберто Карлос да Силва Роша (роден на 10 април 1973, во Гарса), попознат само како Роберто Карлос, е бразилски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, на играч од одбраната.
По почетоците во родниот Бразил со екипата на Палмеирас, Роберто Карлос се преселил на европскиот континент, каде неговиот прв клуб бил Интер. Во Милано, тој се задржал само една сезона, по што му се приклучил на Реал Мадрид во 1996 година, каде што поминал 11 успешни сезони, играјќи 584 натпревари во сите натпреварувања и постигнал 71 гол. Со „кралевите“, тој четири пати го освоил шпанското првенство и трипати Лигата на шампионите. Во 2013 година, тој бил избран од страна на шпанскиот весник Марка во "Најдобрите странски единаесет во историјата на Реал Мадрид". По напуштањето на Реал Мадрид во 2007 години, тој бил активен уште неколку сезони играјќи во Турција за Фенербахче, за Коринтијанс во Бразил и за Анжи Махачкала во Русија. Во август 2012 година, тој го најавил своето пензионирање од фудбалот на возраст од 39 години."Roberto Carlos retirement confirmed" . FIFA.com. Retrieved 2 June 2014
За бразилската репрезентација дебитирал во 1992 година. Настапил на три Светски првенства, помагајќи му на „Селесао“ да стигне до финалето на Светското првенство 1998 во Франција, и да го освои Мундијалот 2002 во Јапонија и Јужна Кореја. Тој бил селектиран и во Ол-Стар тимот на двете споменати првенства во 1998 и 2002 година.
По завршувањето на играчката кариера, започнал да работи како тренер, најпрво како асистент на Гус Хидинк во неговиот последен клуб, Анжи. Во јуни 2013 година, ја презел функцијата во тускиот Сиваспор, што бил неговиот прв ангажман како главен тренер. Во јули 2015 година, тој бил назначен како играч-тренер на индискиот клуб Делхи Дајнамос.
Кариера Роберто Карлос ја започнал својата кариера во Униао Сао Жоао, фудбалски клуб со седиште во Арарас во државата Саун Пауло.
Титули Клупски Палмеирас Бразилско првенство (2) : 1993, 1994 Кампеонато Паулиста (2) : 1993, 1994 Турнир Рио-Саун Пауло (1) : 1993
Реал Мадрид Примера Дивисион (4) : 1996-1997, 2000-2001, 2002-2003, 2006-2007 Суперкуп на Шпанија (3) : 1997, 2001, 2003 Лига на шампиони (3) : 1997-1998, 1999-2000, 2001-2002 Суперкуп на УЕФА (1) : 2002 Интерконтинентален куп (1) : 2002
Фенербахче Суперкуп на Турција (2) : 2007, 2009
Репрезентативни ФИФА Светско Првенство (1) : 2002 Копа Америка (2) : 1997, 1999 ФИФА Куп на конфедерации : 1997
Тренерска статистика
ЕкипаОдДоУчинокОНПНИ% успешност Сиваспор20132014 Акхисар Беледиеспор20142015 Делхи Дајнамос5 јули 201520 декември 2015Вкупно
Наводи
Надворешни врски Роберто Карлос на официјалното мрежно место на ФИФА Роберто Карлос на transfermarkt Роберто Карлос на Zerozerofootball.com Репрезентативни настапи и натпревари во европските купови на RSSSF.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Бразилски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Палмеирас Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Фудбалери на ФК Коринтијанс Категорија:Фудбалери на ФК Анжи Махачкала Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:ФИФА 100 Категорија:Родени во 1973 година