Тонско Дабе () — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во планинска област, на 24 километри североисточно од Петрич, на надморска висина од 781 метри.
Историја Османлиско Царство
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Понско дабе чифлик (Ponsco dibé Tchifliq) е село со 15 семејства и 52 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 120 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 104 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187..
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 883.
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население +Население на Тонско Дабе по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 171 231 258 48 4 5 6 2 2 1
+Население по возраст од 2011 година:
Наводи
Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија