Почни повторно (англиски: Begin Again) е американски филм од 2013 година, во режија на Џон Карни, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Кира Најтли и Марк Рафало. Притоа, Кира Најтли ги пее сите песни во филмот, а за потребите на снимањето, таа научила и да свири на гитара. Премиерата на филмот била во септември 2013 година, на филмскиот фестивал во Торонто а во кината ширум светот започнал да се прикажува на 27 јуни 2014. Филмот имал заработка од преку 63 милиони долари и добил главно позитивни критики од филмските критичари. Песната Lost Star (дело на Gregg Alexander и Danielle Brisebois) била номинирана за наградата „Оскар“ за најоргинална песна.

Содржина Грета (ја игра Најтли) е амбициозна млада пејачка, која заедно со своето долгогодишно момче Дејв (го игра Левин) се преселува во Њујорк, во потрага по слава. Но, таму Грета се судира само со разочарувања, зашто по постигнатиот успех Дејв ја напушта. Осамена и тажна, Грета пее во еден кафе-бар и еден ден ја забележува ловецот на таленти Ден (го игра Рафало) кој штотуку добил отказ од дискографската куќа што ја основал тој. И неговиот приватен живот е очаен, зашто му пропаднал бракот, ќерка му е бунтовна тинејџерка, а тој има проблеми и со пиењето. Воодушевен од Грета, Ден ѝ предложува да снимат албум при што песните ги снимаат на улиците во разни делови на Њујорк.„Почни повторно“, Антена, број 888, 3.7.2015, стр. 14.„Почни пак“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 27.

Улоги Кира Најтли како Грета Џејмс, текстописец Марк Рафало како Ден Мулиган, музички продуцент Адам Левин како Дејв Кол, поранешно момче на Грета и успешен музичар Кетрин Кинер како Миријам Харт, одвоената жена на Ден Хејли Стајнфелд како Вајолет Мулиган, ќерка на Ден и Миријам Џејмс Корден како Стив, најдобриот пријател на Грета Си Ло Грин како Траблгам, успешен рапер кој бил откриен од Ден Мос Деф како Саул, долгогодишен бизнис патнер на Ден

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Марк Рафало Категорија:Филмови со Кира Најтли Категорија:Филмови на Џон Карни Категорија:Филмови од 2013 година Категорија:Музички филмови