Сопрузи и сопруги - американски филм од 1992 година, во режија на Вуди Ален. Главните улоги ги играат: Вуди Ален и Мија Фароу. Содржина Професорот по литература Гејб Рут живее во хармоничен брак со Џуди. Меѓутоа, кога нивните пријатели Џек и Сели ќе се разведат, Гејб и Џуди почнуваат да ги откриваат проблемите во бракот. Притоа, Гејб го привлекува надарената и убава студентка Реин, која покажува наклонетост кон постари мажи.„Сопрузи и сопруги“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 25.
Наводи
Категорија:Филмови на Вуди Ален Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Вуди Ален Категорија:Филмови со Мија Фароу Категорија:Филмови од 1992 година