Тигрица (науч. Melopsittacus undulatus) — мал папагал со долг опаш, кој се храни со семе. Ова е единствениот вид во австралискиот род Melopsittacus, и може да се најдат диви примероци во посувите делови на Австралија, каде видот преживеал сурови услови на внатрешниот дел на континентот во последните пет милиони години."Dr. Marshall's Philosophy on Breeding Exhibition Budgerigars".  Тигриците се природно зелени и жолти, порабени со црни пердуви на вратот, грбот и крилата. Во заробеништво се одгледуваат и единки со сина боја, бела, жолта, и сива боја, па дури и такви со мали украси. Ова се омилени домашни миленици низ целиот свет поради нивната мали димензии, ниската цена и способноста да подражавааат човечки говор. Видот е евидентиран во 1805 и денес е третиот меѓу најомилените домашни миленици, по припитомените куче и мачка.

Овој папатал е во сродство со лориите и смоквените папагали.Wright, TF; Schirtzinger EE; Matsumoto T; Eberhard JR; Graves GR; Sanchez JJ; Capelli S; Mueller H; Scharpegge J; Chambers GK; Fleischer RC (2008). Tokita, M; Kiyoshi T; Armstrong KN (2007). de Kloet, RS; de Kloet SR (2005). Schweizer, M.; Seehausen O; Güntert M; Hertwig ST (2009).

Биологија

Историја на еволуција Тигрицата се сметала за врската помеѓу родовите Neophema и Pezoporus врз основа на попречните пердуви.Forshaw, p. 273 Сепак, неодамнешни филогенетски истражувања во кои се користени низи од ДНК, докажале дека тигрицата е многу поблиску до лориите (род Loriini) и смоквените папагали (род Cyclopsittini).

Анатомија и физиологија left|thumb|320x320px|Анатомски преглед на мажјак тигрица. Дивите тигрици во просек се долги по 18 см, имаат маса од 30-40 грама и на нив доминира светло-зелена боја (на стомак и бутови), а надворешната страна (грб и крилја) се одликува со црни обележја (побледи кај пилињата и младите тигрици) и е порабена со јасни жолти бранови. Челото и лицето се жолти кај мажјаците, но имаат црни ленти кај восковицата и носот кога се млади и неразвиени сè додека не се развијат нивното перје околу три до четири месеци возраст. Тие имаат мали, виолетови дамки на образите и по три црни точки на секоја страна од нивните вратови (наречени вратни точки). Двете надворешни вратни точки почнуваат на дното на секоја дамка на образите. Опашката има боја на кобалт (темно-сина) и надворешните пердуви на опашката имаат жолти нијанси. Нивните крилја имаат зелено-црни пердуви за лет и црни покривни пердуви со жолти рабови заедно со средижни жолти нијанси, кои се гледаат при лет или кога крилјата се целосно раширени. Клунот е маслинесто сив и нозете се сино-сиви, со сраснати прсти.Forshaw, Joseph Michael; William T. Cooper (1973 & 1981).

Тигриците во дивината во Австралија се значително помали од оние одгледани во заробеништво.Овој вид на папагал е одгледан во многу други бои и нијанси во заробеништво (на пр. сина, сива, сиво-зелена, шарен, виолетова, бела, жолто-сина), иако најчесто во продавниците за домашни миленици може да се пронајдат во сина, зелена и жолта боја. Како и повеќето видови папагали, пердувите на тигриците се флуоресцентни под ултравиолетово светло. Овој феномен можно е да е поврзан со додворувањето и изборот на партнер.S M Pearn, A T Bennett, and I C Cuthill (2001). right|thumb|Глава на мажјак тигрица Горната половина на нивните клунови е многу повисока од долната половина и го покрива дното на клунот кога е затворена. Клунот не штрчи премногу, благодарејќи на густите, бујни пердуви кои го опкружуваат, придонесувајќи му изглед на клун кој е насочен надолу и е прилепен за лицето. Горната половина има улога на долг, измазнет капак, додека долната половина е помала и е во вид на чашка. Овие клунови им овозможуваат на птиците да јадат растенија, овошје и зеленчук.

Бојата на восковицата се разликува меѓу половите. Кај мажјаците е кралско сино, светлокафена до бела (кога не е сезона на парење) и кафеава (во сезона на парење) кај женките, како и розова кај неразвиени единки од двата пола (обично поизразена виолетово-розова боја кај млади мажјаци). Некои женки кај тигриците, развиваат кафеава восковица само за време на парење, а подоцна се враќа нормалната боја на кожата. Младите женки може да се идентификуваат по суптилна белост, слична на креда која почнува околу носните шуплини. Мажјаците кои се албино, лутино, јасно-темнооки или рецесивно шарени трајно ја задржуваат виолетово-розовата боја на восковицата за целиот животен век."Birds Online — How to tell the sex of a budgie". thumb|250x250px|Јато на тигрици во дивината (југозападен Квинсленд). Обично е лесно да се распознае полот кај тигриците постари од шест месеци, главно по бојата на восковицата, но нивното поведение и обликот на главата исто така можат да помогнат да се утврди полот.

Восковицата кај возрасен мажјак е обично светло до темносина, но може и да биде виолетова до розова кај некои посебни мутации на бојата како што се јасно-темнооки, дански пиеди (рецесивни шари) и инос, кои обично имаат многу поокругли глави. Мажјаците обично се весели, екстравертни, со поизразено се додворуваат и се многу глаголици.

Восковицата кај женките е розеникава кај младите и неразвиени и се менува од кремаста и белузлава во кафеава (обично со груба текстура) кога се во сезона на парење и обично задниот дел на нивните глави стануваат рамни (непосредно над почетокот на вратот). Женките обично се подоминантни во односите и се друштвено нетрпеливи."Talk Budgies FAQ".

Кај постарите женки, восковицата обично останува кафеава, стануваат погруби кон својот пол, а со машкиот пол се сложуваат во односите. Обично кога во заробеништво се ставаат тигрици од различен пол, тие се сложуваат подобро, некои дури и нема никогаш во својот живот нема да се расправаат или физички да се нападнат.

Сетило за вид Како и многу птици, тигриците имаат тетрахроматски вид, но за да функционираат истовремено сите четири класи на конусни клетки (фоторецепторни клетки) потребна е целосниот спектар овозможен од дневната светлина.Color Vision of the Budgerigar (Melopsittacus undulatus): Hue Matches, Tetrachromacy, and Intensity Discrimination.  Ултравиолетовата светлина ги оживува боите на нивните пердуви со што се попривлечни за нивните партнери. Точките на вратот кај тигриците ја одбиваат УВ светлината и можат да се искористат за да се распознаат поединечни птици.

Екологија десно|мини|Женка во пустинскиот парк во Алис Спрингс, Австралија. Тигриците се номадски птици кои живеат на отворено, претежно грмушести предели, отворени шуми и тревни површини во Австралија. Обично може да се забележат во мали јата, но можат да создадат многу големи јата при поволни услови. Номадските преселби на јатата се поврзани со достапноста на храна и вода. Појава на суша може да ги натера јатата да живеат во погусти шуми или покрај бреговите на некоја водена површина. Тие се хранат со семиња од триодија, разни треви и понекогаш полузрела пченица."The Wild Budgerigar" (article).

Одомаќинети диви тигрици се забележани од 40-тите години во Сент Питерсбург, Флорида во Соединетите Американски Држави, но се многу поретки сега отколку во раните 80-ти години. Зголемената конкуренција за територија од обичните сколовранци и градските врапчиња се смета за најголемата причина за падот во бројноста на тигриците во дивина.Pranty 2001

Тигриците и луѓето

Потекло на поимот left|thumb|Тигрица во зоолошката Форт Ворт во Тексас. Сината кожа над клунот открива дека оваа единка е мажјак.

Тигрицата за првпат била опишана од Џорџ Шо во 1805 година, а сегашното англиско име (budgerigar) ѝ е доделено од страна на Џон Гулд во 1840 година. Името на родот Melopsittacus доаѓа од старогрчки и значи „мелодичен папагал“.Liddell, Henry George and Robert Scott (1980).  Името на видот undulatus is значи „брановиден“ на латински јазик.Simpson, D.P. (1979). Гулд забележал дека месните жители на рамнините на Ливерпул во Нов Јужен Велс го користат терминот betcherrygah."Indigenous Bird Names of the Hunter Region of New South Wales" . Иако многу од наводите го спомнуваат зборот „добра“ како дел од значењето на изразот, а некои и дури наведуваат дека значењето е „добра птица“, сосем е возможно дека тврдењата на месните жители се поточни, а се однесуваат на тоа дека директниот превод всушност значи „добра храна“. Постојат и апокрифи кои велат дека изразот може и да се преведе како „вкусна закуска“, со што се наведува дека Абориџините се хранеле со овие птици. Сепак, постои и голема веројатност дека нивното име (на англиски јазик) е изведено од нивниот номадски начин на живот. Со промената на годишните времиња, некои делови од рамнините на Ливерпул, Австралија останувале голи, па тие се преселувале во области каде останала вода, во чија околина растеле семињата кои им се потребни за исхрана.Следејќи ги птиците, Абориџините наоѓале вода, како и потребните растенија за живот. Со тоа, едно од тврдењата е дека на тој начин птиците ги воделе до „добра храна“, па затоа добиле такво име.

Авикултура right|thumb|Англиска тигрица (прва од лево), споредена со диви тигрици. Тигрицата се одгледувала во заробеништво од 1850-тите. Луѓето кои ги одгледувале работеле на тоа да добијат различни бои, шари и пердуви, вклучувајќи албино, сина, цимет-ино, јасно-крилести, тигрици со перчин, темни, сиво-крилести, опални, разнобојни, сјајни, разводнета и виолетова.

Англиските или „изложбени“ тигрици се околу двапати поголеми од дивите тигрици, па со големината и надуените пердуви на главата имаат претерано смел изглед. Очите и клунот можат речиси целосно да бидат покриени од овие надуени пердуви на главата. Англиските тигрици се обично поскапи од дивите и имаат пократок животен век од седум до девет години. Одгледувачите на англиски тигрици често ги изложуваат своите птици на изложби за животни. Повеќето тигрици одгледани во заробеништво во бизнисот со домашни миленичиња имаат тело и големина на тело послични со дивите тигрици.

Тигриците се дружељубиви животни и имаат потреба од стимулација во вид на играчки и контакт со луѓе или други тигрици. Тигриците, особено женките, глодаат елементи изработени од дрво или слични на дрвото. Кога тигрицата се чувствува загрозена, се обидува да се искачи колку што е можно повисоко и да ги доближи пердувите колку што е можно поблиску до неа за да изгледа помала (потесна). мини|лево|250п|Тигрици во Зоо Скопје.

Скротените тигрици може да бидат научени да зборуваат, свиркаат и да си играат со луѓе. И мажјаците и женките пејат и можат да научат да имитираат звуци и зборови, како и да изведуваат едноставни трикови, но пеењето и мимикријата се поизразени и поквалитетно изведени од страна на мажјаците. Женките ретко можат да научат да имитираат повеќе од десетина зборови. Мажјаците можат да се стекнат со зборовен фонд кој може да изнесува неколку десетици зборови до стотина зборови. Мажјаците домашни миленици, особено оние кои се чуваат сами, обично најдобро зборуваат.

Тигриците глодаат сѐ што можат да најдат за да ги одржуваат нивните клунови. Најпригодни за ова се парчиња од минерали(во најдобар случај збогатени со јод), коска од сипа и меки парчиња од дрво. Во заробеништво, тигриците живеат во просек од пет до осум години, но исто така е забележан животен век од 15-20 години во поединечни случаи."Birds Online — Life span of a budgie".  Животниот век зависи од видот, наследната линија и здравјето, со големо влијание од страна на можноста за физичка активност и начинот на исхрана. Тигриците се познати по тоа што предизвикуваат алергии кај чувствителни луѓе."Budgerigar-fancier's lung: the commonest variety of allergic alveolitis in Britain".

Размножување