Ладислав Клима (чешки: Ladislav Klíma) (1878 - 1928) - чешки писател и филозоф.

Животопис мини|десно|Ладислав Клима Клима бил многу оригинален човек, не само во творештвото, туку и во секојдневното однесување, бидејќи со својот животен стил свесно ги кршел границите на прифатените општествени норми. Поради навреда на Хабсбуршката династија бил избркан од гимназијата во родното место, така што школувањето го продолжил во Загреб, но и таму не ја завршил гимназијата. Творештво Клима напишал неколку филозофски книги, а негови највредни дела се гротескниот роман „Страдањата на кнезот Стерњенхох“, новелата „Славната Немезис“ и збирката кратки раскази „Како ќе биде по смртта“.Ладислав Клима, Како ќе биде по смртта. Скопје: Бегемот, 2013. мини|десно|Скулптура на улицата „Соколовска“ во Височани, во спомен на В. Клима, кој живеел тука од 1915 до 1927 г. Наводи

Категорија:Чешки писатели Категорија:Чешки филозофи Категорија:Починати од туберкулоза Категорија:Егзистенцијалисти Категорија:Родени во 1878 година Категорија:Починати во 1928 година