Џамијата Хусамедин Паша е муслимански храм кој се наоѓа во Штип, Македонија. Џамијата се наоѓа во составот на Штипското муфтиство.
Џамијата била изградена во втората половина на 16 век. Христијаните во Штип сметаат дека џамијата била изградена врз темели на црква посветена на Свети Илија.
Според познатиот турски патописец Евлија Челебија, кој во 1662 година, престојувал во градот Штип, џамијата била изградена со камено минаре и оловен покривЕвлија Челеби, Патописи (Сејјахатнама), стр. 343. Џамијата според традицијата била изградена со донација на пари од самиот Хуса Медин ПашаХуса Медин-пашината џамија била од темел изградена // Утрински Весник. Веднаш до џамијата се наоѓа гробот на Хуса Медин Паша.
Џамијата има квадратен облик во основата, со шестостран тамбур што лежи директно врз четирите странични ѕидови и полуобличеста купола.
Наводи
Категорија:Џамии во Штип Категорија:Џамии во Штипското муфтиство