Велидио или Јоанис Велидис ( или Βελλίδειο) е најголемиот конгресен центар во Солун, со 2400 места. Се наоѓа на улица „Леофос Страту“ број 3. Наречен е според Јоанис Велидис, грчки новинар и издавач.

Велидио има пет простории, помошни простории и рецепција со најсовремена опрема. Во целиот простор има клима уреди и најнови аудиовизуелни уреди. Има можност да организира три настани истовремено. Поседува градина со капацитет да угости илјада души, како и подземна гаража за 430 автомобили. Работи во текот на целата година.

Наводи

Категорија:Згради и градби во Солун