Фотоотпорник, светлоотпорник или фоторезистор — полуспроводнички елемент чиј електричен отпор се менува под влијание на светлината која паѓа врз неговата површина.д-р Чешелкоска В., д-р Попниколова-Радевска М., ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ЕЛЕКТРОНИКА, Министерство за образование и наука на Република Македонија, ISBN 978-608-226-293-2 (е-учебник), стр. 138 Заради оваа особина наоѓа примена како електронски сетилник (сензор).

Фотоотпорникот е направен од полуспроводен материјал. Ако фотоните на светлината кои паѓаат на него се со доволна висока честота (доволна енергија), ќе им даде на врзаните електрони доволно енергија да станат слободни електрони во полуспроводникот. Со тоа се намалува отпорот на фотоотпроникот под влијание на светлината.

Примена мини|200п|десно|Контролен систем за улични светилки со фотоотпорник Постојат разни видови на фотоотпорници. Се користат како детектори на светлина во фотоапаратите, уличното осветлување, сигурносните ноќни аларми и др. Посебни видови се користат за детекција во инфрацрвениот спектар.

Материјал Кадмиум-сулфидот (CdS) е најчест материјал за изработка на фотоотпорници. Олово-сулфидот (PbS) и индиум-антимонидот се користат во средниот инфрацрвен спектар. Германиум-бакарните детектори се користат во подалечниот инфрацрвен спектар, во инфрацрвената астрономија и спектроскопијата.

Симбол Симболот на фотоотпорникот е прикажан на сликата. мини|200п|десно|Симбол за фотоотпорник

Предности и мани Предности на фотоотпорникот се ниската цена и доверливоста, а мана му е спората реакција. Обично се потребни неколку секунди за полна промена на отпорот при брза промена на осветлувањето. Заради ова, за примени кои зависат од брзината на реакцијата на елементот се користат фототранзистор и и фотодиоди.

Наводи

Поврзано Оптоелектроника Фототранзистор Фотодиода

Надворешни врски

Поврзување на фотоотпорник во струјно коло Проект следење на Сонцето со помош на фотоотпорник

Категорија:Електрични елементи Категорија:Оптички направи Категорија:Оптоелектроника Категорија:Сетилници Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Неологизми