Тенисот бил на програмата на Летните олимписки игри од првите игри во 1896, но бил исфрлен од програмата по игрите во 1924 поради спор меѓу Меѓународната тениска федерација и Меѓународниот олимписки комитет во врска со аматерскиот статус на натпреварувачите. Тенисот се вратил на програмата како показен спорт во 1968 и 1984, а од игрите во 1988 станал редовен спорт и се играл на сите следни изданија на игрите.
Во 1896, 1900, 1904, 1988, and 1992, губитниците во полуфиналните двобои добивале бронзен медал. Во сите други изданија бил одржан натпревар за бронзен медал.
Почнувајќи од игрите во 2004, резултатите од игрите се сметаат на АТП и ВТА листите во поединечно за календарската година. И покрај тоа што бодовите кои се добиваат се пониски од бодовите кои се добиваат на Гренд слем турнирите, олимписките турнири добиле на важност од нивното повторното воведување, и многу играчи, критичари и спортски експерти сметаат дека освојувањето на златниот медал на Олимписките игри е исто толку престижно, или попрестижно од освојување на Гренд слем титула. За играчите кои имаат освоено Олимписки златен медал и сите четири Гренд слем титули се вели дека имаат освоено Златен слем.
Подлога Подлогата на терените за играње е различна кај различни Олимписки игри. Од 1984, сите олимписки турнири биле одиграни на тврда подлога освен игрите во 1992 (каде се играло на Земјина подлога) и игрите во 2012 (каде се играло на тревна подлога). Менувањето на подлогата на одредени играчи им дава различни предности и слабости кои не се видени во другите олимписки спортови.
Натпревари (п) = показен спорт Event 96 00 04 08 12 20 24 28 32 36 48 52 56 60 64 68 72 76 80 84 88 92 96 00 04 08 12 ГодиниМажи поединечно • • • • • • • (п) (п) • • • • • • • 14 Мажи поединечно (во сала) • • 2 Машки двојки • • • • • • • (п) • • • • • • • 14 Машки двојки (во сала) • • 2 Жени поединечно • • • • • (п) (п) • • • • • • • 12 Жени поединечно (во сала) • • 2 Женски двојки • • (п) • • • • • • • 9 Мешани двојки • • • • (п) • 5 Мешани двојки (во сала) • 1 Вкупно натпревари 2 4 2 6 8 5 5 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 4 4 4 4 4 4 5 61
Табела на медали
Сите изданија (1896–1924, 1988–2012) 1 20 5 11 36 2 17 15 12 44 3 5 6 8 19 4 3 2 1 6 5 2 5 2 9 6 2 3 2 7 7 2 2 0 4 8 2 1 1 4 9 1 7 3 11 10 1 3 3 7 11 1 1 3 5 12 1 1 2 4 13 1 0 1 2 1 0 1 2 1 0 1 2 1 0 1 2 17 1 0 0 1 18 0 3 5 8 19 0 3 1 2 20 0 2 0 2 21 0 1 4 5 22 0 1 1 2 0 1 1 2 24 0 1 0 1 0 1 0 1 26 0 0 3 3 27 0 0 2 2 28 0 0 1 1 0 0 1 1 0 0 1 1 0 0 1 1 0 0 1 1 0 0 1 1 0 0 1 1 0 0 1 1
Повеќекратни медалисти (1896–2012) Место Играч Злато Сребро Бронза Вкупно 1 Серена Вилијамс 4 0 0 4 Венус Вилијамс 4 0 0 4 3 Реџиналд Доерти 3 0 1 4 4 Винсент Ричардс 2 1 0 3 5 Лоренс Доерти 2 0 1 3 Мери Џо Фернандес 2 0 1 3 Сузан Ленглен 2 0 1 3 Чарлс Винслоу 2 0 1 3 9 Џон Пајус Боланд 2 0 0 2 Шарлота Купер 2 0 0 2 Џиџи Фернандес 2 0 0 2 Андре Гобер 2 0 0 2 Артур Гор 2 0 0 2 Едит Ханам 2 0 0 2 Николас Масу 2 0 0 2 Хејзел Вајтмен 2 0 0 2 Хелен Вилс Муди 2 0 0 2 Билс Рајт 2 0 0 2 19 Кетлин Меккејн Годфри 1 2 2 5 20 Чарлс Диксон 1 1 2 4 21 Макс Декужи 1 1 1 3 Фернандо Гонсалес 1 1 1 3 Штефи Граф 1 1 1 3 Џозаја Риџи 1 1 1 3 25 Херберт Барет 1 1 0 2 Елена Дементиева 1 1 0 2 Роџер Федерер 1 1 0 2 Харолд Китсон 1 1 0 2 Доротеја Керинг 1 1 0 2 Енди Мари 1 1 0 2 Тод Вудбриџ 1 1 0 2 Марк Вудфорд 1 1 0 2 Макс Вуснам 1 1 0 2 34 Мајк Брајан 1 0 2 3 35 Викторија Азаренка 1 0 1 2 Маргарет Брокди 1 0 1 2 Боб Брајан 1 0 1 2 Зина Гарисон 1 0 1 2 Едгар Леонард 1 0 1 2 Мирослав Мечир 1 0 1 2 41 Аранча Санчес Викарио 0 2 2 4 Гунар Сетервол 0 2 2 4 43 Харолд Махони 0 2 1 3 Кончита Мартинес 0 2 1 3 Јана Новотна 0 2 1 3 46 Џорџ Каридија 0 2 0 2 Анри Коше 0 2 0 2 Дороти Холман 0 2 0 2 Дионисиос Касдаглис 0 2 0 2 Ичија Кумагае 0 2 0 2 Роберт Лирој 0 2 0 2 Хелен Прево 0 2 0 2 Вирџинија Руано Пасквал 0 2 0 2 Хелена Сукова 0 2 0 2 55 Алфонсо Бел 0 1 1 2 Сигрид Фик 0 1 1 2 57 Алберт Кане 0 0 2 2 Стефан Едберг 0 0 2 2 Горан Иванишевиќ 0 0 2 2 Мерион Џонс 0 0 2 2 Артур Норис 0 0 2 2 Хедвига Розенбаумова 0 0 2 2
Распределба на бодови Асоцијацијата на тениските професионалци и Женската тениска асоцијација доделуваат бодови во поединечна конкуренција за играчите кои се натпреваруваат на Олимписките игри. Тие бодови се сметаат само за време на соодветната календарска година.
ФазаЗлатен медалСребрен медалБронзен медалЧетврто местоЧетвртфинале3. коло2. коло1. колоМажи поединечно75045034027013570355Жени поединечно68547034026017595551
Поврзано Тенис на Средоземните игри Список на освојувачи на олимписки медали во тенис
Наводи
Надворешни врски Olympic Tennis Event website (International Tennis Federation)
Категорија:Спортови на Летните олимписки игри