Јапонски крап (), наречен кои (, „крап“), поточно: нишикигои (, „срмен крап“) — украсни риби произлезени како варијанти на обичниот крап (Cyprinus carpio) кои се чуваат во украсни бари и езерца.
Варијантите на јапонскиот крап се распознаваат по обоеноста, шарите и крлушките. Како главни бои може да се појават бела, црна, црвена, жолта, сина и кремаста. Најпознатата категорија на јапонски крап е госанке, која е создадена од варијантите кохаку, тајшо саншоку и шова саншоку.
Историја Крапот е голема група на риби со потекло од Средна Европа и Азија. Поединечни видови на крап се припитомени во Источна Азија, каде биле користени како риба за исхрана. Крапот е риба која живее во ладна вода и нивната способност да преживеат и да се прилагодат на многу различни климатски услови и услови во водата овозможила припитомените видови да бидат проширени до многу нови места, вклучувајќи ја и Јапонија. Природните мутации во бојата на овој крап може да се случи кај сите популации. Крапот е риба која се одгледувала поради мутациите на боите во Кина пред повеќе од илјада години, каде вештачката селекција на прускиот крап (Carassius gibelio) довело до појавата на златната рипка."Background information about goldfish".
Обичниот крап бил одгледуван како риба за исхрана уште од V век п.н.е во Кина, а во Римското Царство се одгледувал за време на проширувањето на христијанството во Европа. Обичниот крап се одгледувал поради бојата во Јапонија во 1820-тите, првично во градот Оџија во Ниигата на североисточниот брег на островот Хоншу. До XX век, се развиле голем број на комбинации на боја, најзабележително црвено-белиот Кохаку. Светот надвор од Јапонија не бил запознаен со развивањето на варијантите на бои сѐ до 1914, кога јапонскиот крап од Ниигата бил изложен на годишна изложба во Токио. Од тогаш, се проширил интересот за јапонскиот крап низ Јапонија. Од неколкуте примероци изложени во Токио се развиле сите варијанти на Нишикоги, со исклучок на Огон (еднобоен јапонски крап со метален сјај) кој е развиен во поново време.
Хобито да се одгледува јапонски крап со текот на времето се распространило низ светот. Јапонскиот крап сега се продава во многу продавници за миленичиња, а единките со повисок квалитет се достапни кај специјализираните продавачи."MPKS Ray Jordan Koi History" . "Early Records" .
Проширувањето на вкрстувањето помеѓу повеќе популации ја заплеткала историската зоогеографија на обичниот крап. Како и да е, општото мислење во научниот свет е дека има барем два подвида на обичниот крап, еден од Западна Евроазија (Cyprinus carpio carpio) и уште еден од Источна Азија (Cyprinus carpio haematopterus).Grossa, Riho; Klaus Kohlmannb and Petra Kerstenb (2002). Едно неодамнешно истражување спроведено врз митохондриската ДНК на различни единки на обичниот крап укажуваат дека јапонскиот крап припаѓа на подвидот од Источна Азија. Како и да е, друго неодамнешно истражување врз митохондриската ДНК на јапонскиот крап докажало дека јапонскиот крап е потомок на различни линии на обичниот крап од Западна Евроазија и Источна Азија.Mabuchi, K.; Senou, H.; Suzuki, T.; Nishida, M. (2005). Ова може да е резултат на тоа што јапонскиот крап започнал да се одгледува од мешавина од крап од Источна Азија и западна Евроазија, или само од крап од Источна Азија кои биле подоцна вкрстувани со крап од западна Евроазија (крапот пеперутка е познат по тоа што е добиен на тој начин). Сè уште не е решено која теорија за потеклото е поточна.
Потекло на поимот Популарниот назив за јапонскиот крап, „кои“, доаѓа од јапонскиот јазик и во превод значи „крап“. Зборот во јапонскиот јазик ги опфаќа и обичниот крап и обоените варијанти на рибата. Но, јапонскиот крап има конкретен назив на јапонски. За него се користи називот нишикикои што буквално значи „срмен крап“. На јапонски јазик, „кои“ е омофон за друг збор кој значи „наклоност“ или „љубов“. Поради тоа, јапонскиот крап е симбол на љубов и пријателство во Јапонија.
Варијанти right|thumb|300x300px|Хранење на јапонскиот крап Варијантите на кои се разликуваат по обојување, шарите и крлушките. Некои од главните бои се бела, црна, црвена, жолта, сина и кремаста. Додека можните комбинации на бои се бесконечни, одгледувачите препознале и именувале конкретни категории. Најпознатата категорија е госанке, која е створена од кохаку, тајшо саншоку и шова саншоку.
Нови варијанти на јапонски крап сè уште се развиваат."Guide to Koi Varieties" . mitchkoi.co.uk. Јапонскиот крап „дух“ кој е развиен во 1980-тите станал омилен во Обединетото Кралство. Тој е добиен со вкрстување на див крап и крапот огон, а се препознава по металниот сјај на крлушките. Крапот „пеперутка“ (познат и како крап со долги перки, или крап „змеј“), исто така развиен во 1980-тите е познат по долгите перки кои се лелеат. Тие се добиени со вкрстување на јапонскиот крап со азискиот крап. Според дел од јавноста, крапот „пеперутка“ и крапот „дух“ не треба да се сметаат за вистински јапонски крап.
Најзначајни варијанти се:
кохаку () — бел јапонски крап, со големи црвени белези на горната страна. Името значи „црвено и бело“. Кохаку била првата украсна варијанта која е развиена во Јапонија (кон крајот на XIX век.)Tamadachi M (1990). тајшо саншоку или тајшо санке) () — многу сличен на кохаку, со дополнителни мали црни белези наречени „суми“. Оваа варијанта била развиена во 1914 година од одгледувачот Гонзо Хирој, за време на владеењето на царот Тајшо. Во Америка името најчесто се скратува и се користи името „санке“. Шова саншоку или шова санке () — црн јапонски крап со црвени и бели белези. Првиот шова санке бил изложен во 1927 година за време на владеењето на царот Шова. Во Америка името најчесто се скратува и се користи името „шова“. мини|250px|Крапови во Зоо Скопје. мини|250px|Крапови во Зоо Скопје. танчо () — било кој јапонски крап со црвен белег на главата. Рибата може да биде танчо шова, танчо санке, па дури и танчо гошики. Именувана е по јапонскиот жерав (Grus japonensis), кој исто така има црвен белег на неговата глава. чагои () — јапонски крап со различни нијанси на боја кои може да бидат од еднолично маслинеста до кафена, бакарна или бронзена, или во поново време потемни, придушени нијанси на портокалово. Името му значи „со боја на чај“. Познат е по своето кротко поведение и големи димензии. Меѓу одгледувачите на јапонски крап постои верување дека носи среќа. асаги () — јапонски крап кој има светлосина боја и е обично црвен на долната страна, но понекогаш и бледожолта или кремава боја, најчесто под страничната линија и на образите. На јапонски името значи бледо зеленикаво-сина, боја на млад лук или индиго. уцуримоно() — црн јапонски крап со бели, црвени или жолти белези. Шарите се распоредени како кај зебрите. Најстариот облик кој е проверен е жолтиот облик, наречен „црни и бели шари“ (куро ки хан) во XIX век, но подоцна преименува во ки уцури од Елизабуро Хошино, одгледувач на јапонски крап на почетокот на XX век. Црвено-белите варијанти се наречени хи уцури и широ уцури (шарената верзија). Зборот „уцури“ значи „испечатен“ (црните белези потсетуваат на дамки од мастило). Генетските одлики се исти како кај шова, но без црвениот и белиот пигмент. беко () — јапонски крап со бела, црвена и жолта боја на кожата, со црни белези. На јапонски значи „оклоп на желка“. Белите, црвените и жолтите варијанти се наречени широ беко, Ака Беко и ки беко. При распознавање може да биде помешана со уцури. гошики () — јапонски крап со темна боја со црвени шари, наречени „хи“. На јапонски името значи „пет бои“. Изгледа слично на асаги, со малку или воопшто без „хи“ шари под страничната линија и „хи“ шари во стилот на Кохаку над мрежести крлушки. Основната боја се движи од речиси црна до многу светла, небесно-сина. шусуј () — варијанта на јапонски крап развиена во 1910 од страна на Јошигоро Акијама со вкрстување на јапонскиот крап асаги со огледалниот крап од Германија. На јапонски значи „летно-зелена“. Рибата нема крлушки, освен една единствена линија на големи крлушки кои потсетуваат на огледала, на страните од телото почнувајќи од главата па сѐ до опашката. Најчестата варијанта на шусуј има бледа, небесно-сина или сива боја над страничната линија и црвена или портокалова (и многу ретко светложолта) под страничната линија и на образите. мини|десно|250п|Младо јато во Зоо Скопје. кингинрин () — јапонски крап со крлушки кои имаат метален отсјај. Во превод од јапонски, името значи „златни и сребрени крлушки“. Често се користи скратено име „гинрин“. Има верзии на гинрин во речиси сите варијанти на јапонски крап кои се многу популарни. Нивните крлушки кои светкаат се спротивни на мазните, рамни, кожа и крлушки со метален сјај кај варијантата огон. Неодамна, овие одлики се комбинирале со цел да создаде нова гинрин огон варијанта. каваримоно () — варијанти на јапонскиот крап кои не може да се стават во ниедна категорија. Ова е категорија во која многу нови варијанти на јапонски крап се натпреваруваат. Позната е и под името „каварикои“. огон () — јапонски крап со една боја. Најчестите бои кои може да се сретнат се златна, платинеста и портокалова. Кремастите варијанти се многу ретки. Огон се натпреваруваат во категоријата каваримоно и на јапонски, името значи „злато“. Варијантата е развиена од Савата Аоки во 1946 година од дивиот крап кој го фатил во 1921 година. Од неодамна, варијантата огон е вкрстувана со Гинрин со цел да се создаде гинрин огон — риба со кожа со метален сјај и крлушки кои светкаат. кумонрју () — јапонски крап со црна боја и крлушки како кај варијантата дојцу, со брановидни бели белези. На јапонски името значи „девет тетовирани змејови“. Се смета дека шарите потсеќаат на јапонските слики во мастило од змејови. Тие се познати по тоа што ја менуваат бојата со годишните времиња. Кумонриу се натпреваруваат во категоријата каваримоно. очиба () — јапонски крап со светло-сина или сива боја со бакарни, бронзени или жолти шари (како кај Кохаку) кои потсетуваат на есенски лисја на вода. На јапонски името значи „паднати лисја“. коромо () — бел јапонски крап со шари како кај Кохаку, со сини крлушки или крлушки обрабени со црна боја, само над шарата „хи“. Оваа варијанта за првпат е развиена во 1950-тите како вкрстување меѓу кохаку и асаги. Најчестата варијација на коромо е ај коромо, која е со боја како Кохаку, а крлушките во црвените белези се обрабени со сина или црна. Поретка варијација на коромо е Будо Коромо, со потемна „хи“ шара што дава изглед на гроздови. Сличен на будо коромо е цуми коромо, кој ретко може да се најде, чија „хи“ шара која е речиси црна. хикари-мојомоно () — бел јапонски крап со обоени шари врз основа со метален сјај или пак во две бои со метален сјај. Кикокуриу () — варијанта на кумонриу со кожа која има метален сјај. кин кикокуриу () — верзија на кумонриу со кожа која има метален сјај, со „хи“ шари како кај Кохаку, развиена од г-дин Сеики Игараши од градот Оџија. Има најмалку шест различни подваријанти на оваа варијанта. дух () — хибрид од огон и див крап со крлушки со метален сјај. Според некои ова не е прав јапонски крап. пеперутка () — хибрид од јапонски крап и азиски крап со долги лелеави перки. Бојата зависи од различните единки користени за вкрстување. Истата како и варијантата „дух“ се смета дека не е прав јапонски крап.