Птичја подворка () — едногодишна зелјеста билка од родот подворка (Polygonum) чии жилави стебленца ползат по земјата и достигаат должина до 60 см. Има ситни долгнавести лисја, цветовите се бледо-розеникави и многу ситни. Ова растение расте насекаде, во ниви, лозја и ливади.

left|thumb|Илустрација Чајот од птичја подворка се употребува пред сè како благо средство за лечење на органите за варење, чир на желудник и дванаесетпалачно црево, дијареа и повраќање. Оваа билка уште се користи при крварења на внатрешни органи, особено бели дробови и матка и хемороиди, а надворешно се користи за габични инфекции на кожата.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Подворка Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј