Петар Шулинчевски - Шули (роден во Белград, - починат во , ) — македонски фудбалер и фудбалски тренер.

Животопис мини|лево|172x172пкс Петар Шулинчевски е роден во Белград 16 март 1938 година од татко Илија (1915-1980) и мајка Вера (1917-2008). За време на втората светска војна фамилијата се вратила од Белград во Ресен. Фудбалската кариера Петар ја почнал како пионер во ФК Преспа, Ресен, па во ФК Пелистер, Битола како средношколец, за веќе од 1956 година да заигра во ФК Вардар, Скопје. Бил дел од тимот на ФК Вардар кој во 1961 година во Белград го освоил Купот на Маршал Тито против Вартекс (2:1). Во дресот на Вардар за 12 години одиграл преку 300 натпревари во кои постигнал над 190 голови. Од Вардар привремено се преселил во САД во 1968 каде одиграл една сезона за Чикаго Мустангс (30 натпревари, 16 голови, 7 асистенции). Веднаш по враќањето од САД во Јануари 1969та преживеал тешка сообраќајна несреќа на Плетвар поради која ја прекинал фудбалската кариера. По завршувањето на играчката кариера бил тренер на ФК Вардар, ФК Костур - Грција, ФК Борец - Велес, ФК Металург - Скопје, а последните неколку години од тренерската кариера во младите селекции ФК Вардар од каде се пензионирал.

Петар се оженил во 1960та со Ружица Атанасовска (родена во Скопје 26 јули 1946 - почината 3 јули 2012) со која имал две деца Татјана (родена во Скопје во 1965) и Кристофер (роден во Сент Луис, САД во 1969). Петар имал брат Слободан (роден во Ресен во 10 јуни 1946 - починат 27 мај 2020).

Петар починал во Скопје на 29 септември 2015.

Наводи

Категорија:Фудбалери од Ресен Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Македонски фудбалски тренери