Такаки Каџита (; р. 9 март 1959) — јапонски физичар, познат по неговите опити со неутрина во опсерваторијата „Камиока“ при Институт за истражување на космичко зрачење и нејзиниот наследник, неутринската опсерваторија „Супер-Камиоканде“ кај Хида, Јапонија. Во 2015 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со канадскиот физичар Артур Мекдоналд.
Кариера Роден е во 1959 г. Хигашимацујама во префектурата Сајтама, средна Јапонија.
Дипломирал на Сајтамскиот универзитет во 1981 г. Докторските студии ги завршил во 1986 г. на Токискиот универзитет., а од 1988 г. работи во Институтот за истражување на космичко зрачење при Токискиот универзитет, каде во 1992 г. станал асистент, а во 1999 г. професор.
Во 1999 г. Каџита е назначен за директор на Центарот за космички неутрина при Институтот за истражување на космичко зрачење (ICRR). Денес работи на Кавлиевиот институт за физика и математика на вселената во Токио и како директор на ICRR.
Во 1998 г. екипата на Каџита во „Супер-Камиоканде“ дошла до откритие дека, кога космичките зраци Земјината атмосфера, исходните неутрина меѓусебно се менуваат по варијанти пред да стигнат до апаратурата. Со овој наод, Каџита го докажал постоењето на неутринска осцилација и дека неутрината имаат маса. Во 2015 г. за ова ја добил Нобеловата награда за физика заедно со канадскиот физичар Артур Мекдоналд, чија Неутринска опсерваторија Садбери дошла до слично откритие. Работата на овие двајца научници го разрешиле долгогодишниото прашање зошто до Земјата стигнува само една третина од неутрината, со тоа покажувајќи ја слабоста на стандардниот модел, каде неутрината важат за безмасени. На конференцијата по повод наградата, Каџита шеговито им се заблагодарил на неутрината, а и на космичките зраци кои ги произведуват.
Награди 1989 — Награда „Бруно Роси“ заедно со другите членови на „Камиоканде“. 2002 — Панофскиева награда 1987 — Награда „Асахи“ заедно со другите членови на „Камиоканде“, и уште еднаш во 1999 г. заедно со другите членови на „Супер-Камиоканде“. 1999 — Нишинина спомен-награда 2013 — Награда „Јулиус Вес“ 2015 — Нобелова награда за физика заедно со Артур Мекдоналд за откриваањето на неутринските осцилации, со која се покажува дека неутрината имаат маса.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Јапонски физичари Категорија:Честични физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Јапонски нобеловци Категорија:Родени во 1959 година Категорија:Странски членови на Руската академија на науките Категорија:Живи луѓе