Ненад Томовиќ (роден на 30 август 1987 година) — српски фудбалер, играч од одбраната на СПАЛ и на српската репрезентација.

Клупска кариера Томовиќ започнал да игра фудбал во екипата на Раднички од Крагуевац. Во 2003 година се преселил во Белград каде што најпрво играл за екипата на Рад, а во 2005 година потпишал за Црвена Ѕвезда. За Црвене Ѕвезда дебитирал во натпревар против Зета, во периодот кога црвено-белите од клупата ги водел Валтер Ѕенга. Меѓутоа тоа му бил единствениот настап за таа сезона, а потоа се вратил на две-годишна позајмица во екипата на Рад. Сепак, на половина од неговата втора сезона на заем во Рад, бил повикан да се врати во Црвена Ѕвезда на барање на тренерот Александар Јанковиќ.

Во летото 2009 година потпишал за италијанската Џенова за 3.5 милиони евра. Дебитирал во Серија А на 30 август 2009, во натпревар против Аталанта.

Во јануари 2011 заминал на позајмица во ЛечеUfficiale acquisizione di Tomovic Uslecce.it, каде поминал една и пол сезона како позајмен играч. На 31 август 2012, потпишал за Фјорентина.

Репрезентативна кариера Томовиќ настапувал за српската репрезентација под 21 година во периодот од 2007 до 2009 година и бил член на репрезентацијата која настапила на Европското првенство во 2009. Исто така учествувал и на Олимписките игри 2008 во Пекинг.

За сениорската репрезентација дебитирал на 14 декември 2008 во пријателски натпревар против Полска, одигран во Анталија.

Надворешни врски

Ненад Томовиќ на soccerway Ненад Томовиќ на transfermarkt Ненад Томовиќ на whoscored Ненад Томовиќ на espn Ненад Томовиќ на goal.com

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Лече Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Кјево Верона Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1987 година