Лутер на Баренберге () — општина во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Географија

Се наоѓа помеѓу планинскиот масив Харц на југ и ридовите Хајнберг на север, околу 13 километри северозападно од градот Гослар. Општината се состои од три општински единици: Науен, Остлутер и Лутер.

Историја

Лутер, именуван по блискиот поток, бил основан од царот Отон I во 956 година како дел од поседите на Гандерхајмскиот манастир во рамките на Војводството Саксонија. Воден замок бил првпат споменат во 1259 година, изнајмен од Хилдесхајмската епископија на локалните благородници. Во различни периоди бил преземан од војводите на Брауншвајг-Линебург и повторно освојуван од хилдесхајмските епископи во 1323 година. Со тоа се појавила ознаката „Бишофслутер“ (Bischofslutter) за да се разликува од соседниот Кенигслутер. Името „Лутер на Баренберге“ се споменува од век.

Во борбата помеѓу Брауншвајг-Линебург и Хилдесхајм од 1523 година, Лутер бил повторно освоен од војводата Хајнрих V од Брауншвајг и кнезот-епископ Јован IV можел само да го задржи местото Остлутер. Во текот на Триесетгодишната војна, данските трупи под водство на кралот Кристијан IV престојувале во замокот Лутер, каде биле поразени од царските и католичките сили предводени од Тили во Битката кај Лутер (1626 г.), битка која го променила текот на војната.

По Виенскиот конгрес, поранешниот посед на Хилдесхајм Остлутер во 1815 година припаднал на Кралството Хановер (пруска Покраина Хановер од 1866 г.), додека Лутер останал во Војводството Брауншвајг. Обата дела не биле обединети до административната реформа во 1941 година.

Население

Година Жители 1821 1.840 1848 2.557 1871 2.618 1885 2.721 1905 2.558 1925 2.205 Година Жители 1933 2.245 1939 2.209 1946 3.873 1950 3.795 1956 3.197 Година Жители 1961 2.956 1968 2.792 1970 2.812 1975 2.681 1980 2.588 Година Жители 1985 2.584 1990 2.612 1995 2.541 2000 2.529 2005 2.409

Наводи

Надворешни врски

Страница за општинската заедница

Категорија:Гослар (округ)