Мајлс Александер Телер (роден на 20 февруари 1987 г.) — американски глумец и музичар. Негова прва филмска улога била улогата во филмот Пат во непознато (2010). Потоа, тој добил улоги во филмовите Безгрижен (2011), Проект X (2012), и во Она чувство кога... (2014).

Телер ја играл главната улога во филмовите Спектакуларна сегашност (2013) и Ритамот на лудилото (2014) и за неговите изведби добил позитивни критики. Тој ја добил улогата на Питер Хејз во филмскиот серијал Различна, и улогата на г-дин фантастичен во филмот Фантастичната четворка (2015). Тој ќе го глуми боксерот Вини Паз во филмот Крвари за ова (2016).

Ран живот и образование Телер е роден во Даунингтон, Пенсилванија. Неговата мајка Мери е агент за недвижности, а неговиот татко Мајк е инженер во атомска централа. Неговите родители се од Карнис Појнт, Њу Џерси. Тој има две постари сестри, Ерин и Дана. Неговиот дедо од таткова страна бил евреин роден во Русија, а исто така тој влече и англиски, ирски, полски, и француски корени.

Тој живеел на повеќе места како дете, поради работните обврски на неговиот татко. Тој живеел во округот Ситрус во Флорида откако се преселил од Кејп Меј, Њу Џерси.Dailey, Jennifer (April 14, 2009). Man with local ties on ABC show Wednesday , NJ.com; accessed March 17, 2014. Тој исто така живеел во Пенсилванија и Делавер. Телер се школувал во средното училиште Леканто во Флорида, каде свирел на саксофон, бил тапанер за црковниот младински бенд и бил претседател на драмскиот клуб. Тој исто така свирел пијано и гитара и играл бејзбол и имал желба да стане професионален играч. Покрај средното училиште, Телер работел како келнер во ресторан. Тој дипломирал на Факултетот за уметности при Њујоршкиот универзитет, каде студирал методи на глума.

Личен живот Во 2007 година, Телер доживеал тешка собраќајна несреќа која му оставила неколку лузни по лицето и вратот. Од 2013 година, тој е во врска со моделот Кејли Спери.

Филмографија Година Филм Улога Белешка 2004 Moonlighters Мајлс Краткометражен филм 2007 Многу специфичен рецепт Ли Краткометражен филм 2008 Музичарите Мигел Краткометражен филм 2009 Необични детективи Џејмс Бурленд ТВ серија (Еп: "Бурлендов ден") 2010 Запознавање на патека Ендрју Краткометражен филм 2010 Пат во непознато Џејсон 2011 Безгрижен Вилард Хјуит 2012 Проект X Себеси 2013 Спектакуларна сегашност Сатер Кили 2013 Од 21 година па нагоре Милер 2014 Ритамот на лудилото Ендрју Ниман 2014 Она чувство кога... Даниел 2014 Различна Питер Хејз 2014 Врска за две ноќи Алек 2015 Различна: Побунети Питер Хејз 2015 Фантастичната четворка Рид Ричардс/Г-дин фантастичен 2016 Крвари за ова Вини Паз Пост продукција 2016 Оружјето и момците Дејвид Пекуз Пост продукција 2016 Различна: Следбеници Питер Хејз Се снима

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски глумци Категорија:Глумци од Пенсилванија Категорија:Американски филмски глумци