Семјуел Џорџ „Сем“ Клафлин (роден на 27 јуни 1986 г.) — англиски глумец. Тој е најдобро познат по улогите: Филип Свифт во Пиратите од Карибите: На чудни плими, Виник Одер во филмскиот серијал Игрите на гладните, Вилијам во Снежана и ловецот и Алекс Стјуарт во Со љубов, Роузи.

Ран живот Клафлин е роден во Ипсвич, Англија. Неговиот татко, Марк, е финансиски менаџер, а неговата мајка, Сју Клафин е учителка. Тој има два постари браќа, Бенџамин и Даниел, и помлад брат, Џозеф, кој исто така е глумец.http://www.imdb.com/name/nm3510471/bio Тој израснал во Норвич.

Во детсвото, тој покажувал интерес кон фудбал. Тој играл фудбал сè додека не се здобил со скршеница на зглобот, повреда која го спречила да игра професионално. По убедување од своите родители и професорот кого го импресионирал во средношколска претстава, тој започнал да глуми. Во 2003 година, тој се запишал на колеџот во Норвич, а потоа го продолжил своето школување на Лондонската академија за музички и драмски уметности, на која дипломирал во 2009 година.

Филмографија Филм Година Наслов Улога Белешки 2011 Пиратите од Карибите: На чудни плими Филип Свифт 2012 Снежана и ловецот Вилијам 2013 Игрите на гладните: Раѓањето на огнот Финик Одер 2014 Тивките Брајан Мекнил2014 Со љубов, Роузи Алекс Стјуарт 2014 Клубот на бунтовници Алистер Рајл 2014 Игрите на гладните: Мокингџеј - прв дел Финик Одер 2015 Игрите на гладните: Мокингџеј - втор дел Финик Одер 2016 Јас пред тебе Вил Трејнор Пост продукција 2016 Ловецот Вилијам Пост продукција

Телевизија Година Наслов Улога Белешки2010 Изгубена иднина Кејлеб ТВ филм2010 Столбовите на Земјата Ричард 8 епизоди2010 Секое човечко срце Логан Маунтстјуарт (млад) 4 епизоди 2011 Јунајтед Данкан Едвардс ТВ филм 2012 Бела жештина Џек 6 епизоди 2013 Мери и Марта Бен ТВ филм

Наводи

Надворешни врски

Сем Клафлин на Biography.com

Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Англиски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Испвич Категорија:Англиски филмски глумци