Џесика Мишел Частејн (родена на 24 март 1977 г.) — американска глумица.

Частејн ја започнала својата холивудска кариера со гостински улоги во неколку телевизиски серии, остварувајќи го своето филмско деби во драмата Џолин (2008). Во 2011 година, таа се здобила со светска популарност со улогите во филмовите Засолниште, Дрво на животот и Слугинки, а за нејзината изведба во Слугинки таа добила номинациии за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобра глумица во споредна улога.

Частејн добила светско признание со улогата во акциониот трилер 00:30 – Тајна операција (2012), освојувајќи ја наградата на филмските критичари, како и Златниот глобус за најдобра глумица, а исто така била номинирана за Оскар за најдобра глумица. Таа исто така глумела во Интерстелар (2014), Најнасилна година (2014), за кој добила номинации за Златен глобус и за наградата на критичарите, и во Марсовец: Спасувачка мисија (2015). Во 2012 година, таа била именувана од списанието Тајм на списокот „сто највлијателни луѓе во светот“.

Ран живот Частејн е родена во Сакраменто, Калифорнија. Нејзината мајка Џери Рене се занимава со веганство и е позната веганска готвачка. На нејзиниот извод на родени не е наведен нејзиниот татко. Таа била израсната од нејзината мајка и очув, Мајк Лерој Хасти, кој е пожарникар. Таа е многу блиска со нејзината баба Мерилин, која била нејзина придружба на доделувањето на оскарите во 2012 и 2013 година.

Таа завршила на средното училиште Ел Камино во Сакраменто во 1995 година, а потоа запишала политика на Универзитетот Сакраменто, каде била член на дебатниот тим. Во 1998 година, таа ја добила улогата на јулија во драмата Ромео и јулија, која ја продуцирала компанијата TheatreWorks од Сан Франциско. Таа добила стипендија од фондот на Робин Вилијамс за да се школува во њујоршката школа Juilliard School, каде била член на одделот за глума. Таа била активен учесник во драмскиот оддел и играла во неколку театарски претстави и во студентски филмски проекти. Таа дипломирала во 2003 година.

Личен живот

Честејн е разделена од нејзиниот биолошки татко и одбива да ги потврди различните вести за неговиот идентитет. Во интервју за Vogue во 2013 година, таа изјавила дека на нејзиниот извод на родени не фигурира нејзиниот татко и дека таа го смета нејзиниот очув Мајкл Хасти, за нејзин татко.

Таа има две помлади сестри и два помлади браќа. Во 2014 година, таа открила дека нејзината вмешаност во непрофитната организација To Write Love on Her Arms била поттикната од самоубиството на една од нејзините сестри.

Џастејн е феминистка и веганка. Од јуни 2015 година, таа живее во стан во Њујорк.

Таа била во долга љубовна врска со режисерот Нед Бенсон пред да се разделат во 2010 година. Од 2012 година, таа е во врска со италијанецот Џанлука Паси де Пропосуло кој е извршен директор на италијанскиот моден бренд Монклер.

Филмографија Филм Наслов Година Улога БелешкиЏолин2008 ЏолинУкрадени животи2009 Сали Ен Западњак2010 Мајката на ДаниелКраткометражен филм; исто така продуцентДолг2010 Рејчел Сингер (млада) Засолниште2011 СамантаКориолан2011 Виргилија Дрво на животот2011 Г-ѓа О'БрајанСлугинки2011 Силија ФутСалома2011 Салома Документарен филмТексашки полиња на смртта2011 Детектив Пем СталМадагаскар 3: Најбараните во Европа2012 Џија (глас)Без закон2012 Меги БауфордБоја на времето2012 Г-ѓа Вилијамс 00:30 – Тајна операција2012 МајаМама2013 АнабелИсчезнувањето на Елеонор Ригби2013 Елеонор Ригби Колективно име на три филма; Исто така продуцентГоспоѓица јулија2014Госпоѓица јулијаИнтерстелар2014 Марфи КуперНајнасилна година2014 Ана МоралесЕдинство 2015 Раскажувач Документарен филмМарсовец: Спасувачка мисија2015 Мелиса ЛуисПурпурен врв2015 леди Лусил ШарпЛовецот2016 Пост продукцијаСопругата на чуварот на животни 2016 Антонина ЖабинскаСе снима

Телевизија Наслов Година Улога БелешкиУргентен центар2004 Дахила Таслиц Епизода: „Forgive and Forget“Вероника Марс2004 Сара Вилијамс Епизода: „The Girl Next Door“Закон и ред: Судење пред порота2005–06 Сигрун Борг Епизоди: „41 Shots“, „Vigilante“, „Eros in the Upper Eighties“Близу дома2006 Кејси Вирт Епизода: „The Rapist Next Door“Доказ2006 Лаура Грин Епизода: „Pilot“Црна брада2006 Шарлот телевизиска мини-серијаПатешественик2007 Тана Блум Епизода: „Friendly Skies“Поаро2010 Мери Дебенхам Епизода: „Murder on the Orient Express“

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Глумци од Калифорнија Категорија:Американски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски феминистки Категорија:Добитници на Златен глобус