Селска Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дупјачани. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа од надворешната страна на селската црква, каде лево од влезот е вѕидана надгробна стела со релјефна претстава. На средината има олтар на кој стои мала фигура, а лево и десно од него маж и жена. Натписот е оштетен и не се чита.

Поврзано Гробишта — некропола од римско време; Петро Ливада — населба и некропола од римско време; Гробишта I — некропола од римско време; Сурун — населба од римско време; Лозја — населба од римско време; Дупјачани; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Дупјачани