Тросково — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 6 жители (2024).

Географија и местоположба Село Тросково се наоѓа во планински реон. Сместено е во источните падини на планината Влаина, на надморска височина од околу 500 метри.

Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, објавена во Константинопол во 1878 година и која ја одразува статистиката на населението од 1873 година, Тросково е наведен како село со 28 домаќинства и 120 Македонци.Македония и Одринско: Статистика на населението от 1873 г. София, Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33, 1995. ISBN 954-8187-21-3. с. 142 – 143.

Во 1891 година во селото имало 140 домаќинства, една црква и Тросковскиот манастир. Во селото немало ниту едно училиште.

Во 1900 година, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), населението на Тросково изнесувало 800 жители Македонци, сите христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.

Демографија На табелата е прикажан бројот на населението во Тросково за периодот 1934-2011: година193419461956196519751985199220012011население10656506903539370532629

Етнички состав Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година: националностброј%Бугари2896,55Роми - -Турци - -други - -не се самоопределиле - -не одговориле13,45Вкупно29100 Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.

Културни и природни знаменитости Во близина на селото се наоѓа Тросковскиот манастир „Св. Архангел Михаил“.

Наводи

Категорија:Општина Симитли Категорија:Села во Пиринска Македонија