Волкан Демирел (роден на 27 октомври 1981 во Истанбул) — турски фудбалер, голман на Фенербахче и на турската репрезентација.

Клупска кариера Почетоци и рани години од кариерата Демирел е роден во Фатих, ИстанбулVOLKAN DEMİREL tff.org , констатирано е ноември 2015 и започнал да игра фудбал во училишната екипа како играч од средниот ред сè до заминувањето на тимскиот голман (го напуштил училиштето и се префрлил во друго), по што Волкан ја зазел неговата позиција. Во 1999 година и се приклучил на екипата на Карталспор како 18-годишно момче, а веќе следната сезона станал првотимец на голманската позиција. Своето деби за Карталспор го имал на 24 септември 2000 во натпревар против Саријеспор што завршил 2-2. Демирел одиграл 51 натпревар за Карталспор во текот на следните две сезони, по што направил трансфер во еден од најпознатите турски клубови Фенербахче во летото 2002.VOLKAN DEMİREL'İN PERFORMANSI turkfutbolu.net , accessed 23 August 2010

Фенербахче thumb|left|200px|Демирел во дресот на Фенербахче. Во неговата прва сезона во клубот го носел дресот со бр. 24 и бил трет избор на голманската позиција зад Рушту Речбер и Реџеп Билер. Кариерата во Фенербахче ја започнал бранејќи за првпат на 29 јуни 2002, во подготвителен пријателски натпревар против германскиот нисколигаш ТСВ Дорфен. Меѓутоа, на првиот официјален натпревар во дресот на Фенер чекал сè до 26 април 2003, кога поради повредата на Рушту Речбер, добил шанса да брани во првенствениот натпревар на домашен терен против Самсунспор (1-1).FENERBAHÇE 1–1 SAMSUNSPOR tff.org , accessed 23 August 2010 Тоа бил неговиот единствен настап за сезоната 2002-2003.

За сезоната 2003-2004 Речбер го напуштил Фенербахче и потпишал за Барселона, a тренер Криштоф Даум се почесто го користел Демирел на голот иако сезоната како стартер ја започнал Билер. Својот прв натпревар за сезоната Демирел го одиграл на 7 декември 2003 на гости против Анкарагучу во кој неговиот тим славел со 4-1 со головите на Пјер ван Хоијдонк (два), Умит Озат и Селчук Шахин. Шест дена подоцна Фенербахче на домашен терен го победил Денизлиспор со 2-0, а тој имал голем удел со неколку одлични одбрани запишувајќи ја својата прва сува мрежа во дресот на Фенербахче.

Своето прво појавување во дербито против Галатасарај, Демирел го имал на 28 февруари 2004 година; Фенербахче повел со голот на Нобре во 17-тата минута, а потоа Демирел не можел да го спречи ударот со глава на Омер Ердоган од непосредна близина за изедначување, меѓутоа на пет минути пред крајот Мехмет Јозгатли го постигнал победничкиот гол за Фенер, за конечен резултат 2-1.

Демирел ја завршил сезоната 2003-2004 со 19 настапи во првенството и 3 во купот, и го освоил трофејот во турското првенство со својот клуб.

Пред почетокот на сезоната 2004-2005, му бил доделен дресот со број 1. Но, и покрај тоа што ја добил единицата на својот грб тој паднал во втор план поради враќањето на Рушту Речбер во клубот. Сезоната 2004-2005 ја поминал како замена на Речбер, играјќи само во 6 првенствени натпревари, но покажал солидна форма сочувувајќи ја својата мрежа сува во три натпревари против Истанбулспор, Денизлиспор и Кајзериспор и на крајот стигнал до втората титула во турското првенство во неговата кариера.

Од сезоната 2007-2008 е прв голман на Фенербахче.

Титули Фенербахче Турска Супер лига (5): 2003–2004, 2004–2005, 2006–2007, 2010–2011, 2013–2014 Куп на Турција (2): 2011–2012, 2012–2013 Суперкуп на Турција (3): 2007, 2009, 2014

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Турски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1981 година