Иако традиционално поврзани со земји со студени клими, Зимските олимписки игри исто така имале учесници од неколку тропски земји. Типичната клима на овие земји не е погодна за учество во зимски спортови, и поради тоа ниту една тропска држава досега не освоила олимписки медал. Најверојатно поради тоа, нивните учества се предмет на интерес на гледачите за време на игрите.
Првата земја учеснички со топла клима на Зимските олимписки игри била Мексико. Голем дел од Мексико е на географска ширина северно од Северниот Повратник, и поголемиот дел од земјата има суптропски планински предели или степска клима, така што не е исклучиво тропска земја. Сепак, Мексико го остварил своето зимско деби на Зимските олимписки игри 1928 со боб екипа од пет лица која завршила на единаесеттото место на поредокот. Мексико не се вратил на Зимските олимписки игри сè до игрите во 1984 одржани во Сараево.
Првата целосно тропска земја која се натпреварувала на Зимски олимписки игри се Филипините, кои испратиле двајца алпски скијачи на Зимските олимписки игри 1972 во Сапоро, Јапонија. Бен Нанаска завршил на 42. место во велеслалом (од 73 натпреварувачи), а Хуан Сипријано не ја завршил трката. Во слаломската трка ниту еден од двајцата скијачи не ја завршил трката. Костарика станала втората тропска земја која учествувала на Зимски олимписки игри, во 1980 во Лејк Пласид, каде Артуро Кинч исто така се натпреварувал во алпско скијање. Кинч уште трипати настапил за Костарика на Зимските олимписки игри, вклучувајќи ги игрите во 2006 на 49-годишна возраст. Таму тој завршил на 96. место на трката на 15 км скијачко трчање.
На Зимските олимписки игри 1988 одржани во Калгари, Канада се појавиле голем број на тропски земји: Костарика, Фиџи, Гуам, Гватемала, Јамајка, Холандските Антили, Филипините, Порторико и Американските Девствени Острови. Јамајската боб-екипа станала фаворит на навивачите на овие игри и била инспирација за филмот Реге на мраз. На игрите во 1994, шест години подоцна, јамајската екипа завршила на солидното 14. место, пред САД и Русија, додека пак боб санкачот Ласелес Браун освоил сребрен медал настапувајќи за Канада во 2006 година.
Зимските олимписки игри 2006 одржани во Торино, Италија го обележале зимското деби на Етиопија и Мадагаскар. На игрите во 2010 одржани во Ванкувер, Канада, деби настап забележале Кајманските Острови, Колумбија, Перу, и Гана, а четири години подоцна на игрите во Сочи деби настап забележале Доминика, Источен Тимор, Того и Тонга.
Список на тропски земји учеснички
Овој список на држави ги вклучува оние кои лежат целосно или претежно низ тропскиот појас и исто така имаат главно тропска клима согласно со кепенова класификација на климата. Африка 2002 2006–2010 2010 1998–2006 2006 1984, 1992–1994, 2006–2010 2014 2014 Кариби 1984, 2014 2010–2014 2014 1988–2002, 2010–2014 1988–1992 1984–2002 1994–2002 1988–2006, 2014 Средна и Јужна Америка 1956, 1980-1992 1992–2014 2010 1980–1992, 2006 1988 1992 2014 2010–2014 1998–2006, 2014 Океанија 1994 1988, 1994, 2002 1988 2014 Азија 2002–2014 1972, 1988–1992, 2014 2002–2006, 2014 2014 Други земји со топли временски услови (на пример сместени во суптропскиот појас) кои се натпреварувале на Зимските олимписки игри се Австралија, Бермуди, Кинески Тајпеј, Хонгконг, Индија, Мексико, Јужноафриканската Република, Свазиленд, Уругвај и неколку северноафрикански земји како Алжир, Египет и Мароко.
Познати натпреварувачи од тропски земји
Име Држава Спорт санкање санкање биатлон санкање скијачко трчање Браун се натпреварувал за Јамајка на игрите во 2002 година, но се натпреварувал за Канада од 2006 година. боб скијачко трчање сноубординг алпско скијање брзо лизгање алпско скијање санкање слободно скијање алпско скијање и скијачко трчање боб уметничко лизгање боб скијачко трчање санкање скијачко трчање алпско скијање санкање боб и санкање алпско скијање скијачко трчање алпско скијање скијачко трчање алпско скијање алпско скијање алпско скијање санкање алпско скијање алпско скијање
Зимски параолимписки игри До 2014 година, само две тропски земји испратиле свои натпреварувачи на Зимски параолимписки игри. Тофири Кибука од Уганда се натпреварувал во скијачко трчање на воведното издание на Зимските параолимписки игри во 1976 и повторно на игрите во 1980 година. Откако Кибука добил норвешко државјанство, тој започнал да се натпреварува за Норвешка почнувајќи од 1984 година, и успеал да освои неколку медали на следните игри на кои настапил. Бразил испратил двајца натпреварувачи на својот прв настап на Зимските параолимписки игри 2014.
Африка 1976–1980
Средна и Јужна Америка 2014
Име Држава Спорт скијачко трчање
Зимски младински олимписки игри Пет тропски земји настапиле на првите зимски младински олимписки игри во Инсбрук, Австрија. Африка 2012 Кариби 2012 Средна и Јужна Америка 2012 2012 Азија 2012
Поврзано Список на земји учеснички на Зимските олимписки игри Реге на мраз
Белешки
Наводи
Категорија:Зимски олимписки игри Категорија:Тропи