Оливер Спасовски ( во Куманово) — македонски политичар. Бил технички премиер на Македонија од 3 јануари 2020 по изборот на новата техничка влада. Функцијата министер за внатрешни работи ја извршувал во два кратки периода. На функција стапил на 2 септември 2016 година до 12 декември 2016. Претходно, во периодот од 11 ноември 2015 до 19 мај 2016 ја извршувал истата функција, по договорот од Пржино. Оливер повторно стапува на должност како министер за внатрешни работи на Македонија на 1 јуни 2017 година кога парламентарното мнозинство ја изгласа новата влада на чело со Зоран Заев. На 3 јануари 2020 е избран за нов технички премиер во предизборната влада.
Животопис Оливер Спасовски е роден 1976 во Куманово. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Во 2000 година работел како адвокатски приправник. Од 2001 до 2005 година работел како советник на градоначалникот на Општина Куманово. Од 2008 до 2011 година бил секретар на Општина Куманово. Во два мандата е избиран за пратеник, на изборите во 2006 и во 2011 година. На парламентарните избори во 2016 година бил носител на листа во изборна единица 2, предводена од коалицијата на СДСМ.
Наводи
мини|261x261пкс
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Куманово Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Министри за внатрешни работи на Република Македонија Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2011-2014 Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Вицепремиери на Македонија Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје