Гарска Река — река која потекнува од селото Гари, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Реката заедно со Тресонечка Река ја создава Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влева во реката Радика (Голема Река).
Притоки
Главни притоки на Гарска Река се реките Валовница, Лазарополска и Ѕвончица, кои ги собираат водите на планината Стогово.
Природен резерват
Реката била прогласена за ботанички резерват со решение број 03-167-2/60 издадено од Националниот институт за заштита на спомениците на културата. Со ова решение биле прогласени насадите на див костен долж течението на Гарска Река за ботанички резерват.
Воден потенцијал
Реката отсекогаш изобилува со воден потенцијал, кој бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавница на самата река изградени во селото Гари. Во поново време била изградена и хидроцентрала, која била замислена како проточна, но сепак, никогаш не била ставена во функција.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Гари Категорија:Дримски слив