мини|десно|180п|Изворот на Црвен Сар мини|десно|180п|Изворот на Бел Сар Сар (, ) — река во североисточна Франција и западна Германија, десна притока на Мозел. Извира во венецот Вогези на границата на Алзас и Лорена (Лотарингија) и тече на север во Мозел кај градот Трир. Настанува како две првични реки — Црвен Сар и Бел Сар, кои се спојуваат во Лоркен), а извираат кај врвот Донон, највисокиот на северните Вогези. По ( во Франција и во Германија), Сар се влева во Мозел кај Конц (Рајнска област-Пфалц), помеѓу Трир и границата со Луксембург. Според германски извори, реката е долга MULEWF Rheinland-Pfalz: Saar , abgerufen am 25. September 2012. Сливот зафаќа површина од .
Реката во минатото имала големо значење за јаглената, железната и челичната индустрија на областа Сар, која денес е покраина. Нејзините текови служеле за превоз на суровини и готови производи преку Сарскиот канал, каналот Марна-Рајна и Рајна до областа Рур или пристаништето Ротердам во Холандија.
Германскиот дел од реката има улога на воден пат, создаден со продлабочување на коритото, изградба на браниSchleusen an der Saar – Wasser- und Schifffahrtsamt Saarbrücken и исправување на течението, денес по неа не се одвива значаен товарен сообраќај.
Сар тече низ следниве департмани во Франција, сојузни покраини во Германија и населени места: Мозел (Ф): Абрешвилер (Црвен Сар), Лоркен, Сарбур, Фенетранж Долна Рајна (Ф): Сар-Инион Мозел (Ф): Саралб, Саргемин Сар (Г): Сарбрикен, Фелкинген, Вадгасен, Бус, Сарлуј, Дилинген, Мерциг Рајнска област-Пфалц (Г): Сарбур, Конц.
На бреговите на сар е сместена Фелклингенската железарница, заштитена како светско наследство на УНЕСКО. Во Метлах реката го образува својот познат јамчест свијок. Долното поречие во Рајнската област-Пфалц е развиено лозарството, каде претежно се одгледува ризлинг. Сè до почетокот на XX век, крај реката имало многу повеќе насади кои достигнувале сè до Сарбрикен. На почетокот на XXI век извесни лозари почнале повторно да садат лозници покрај бреговите.
Поважни притоки Близ Нид Примс
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Сар — база „Сандр“
Категорија:Реки на Големиот Исток Категорија:Реки во Сар Категорија:Мозелски слив Категорија:Географија на Лорена Категорија:Географија на Алзас Категорија:Погранични реки Категорија:Германско-француска граница Категорија:Реки во Рајнската област-Пфалц Категорија:Притоки на Мозел Категорија:Меѓународни реки во Европа