Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во мариовското село Вепрчани, Македонија.Во „Картата на верски објекти во Македонија“ е запишана како Св. Вознесение.

Патрониот празник на црквата Спасовден е и селска слава на Вепрчани, но поради поширокиот простор и подобрите услови прославата и општонародниот собор се одржуваат во црквата „Свети Димитриј“, која што се наоѓа веднаш над самото село.

Местоположба

Црквата се наоѓа во крајниот западен дел на селото, на самиот крај на долот. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Архитектура

Нејзината градба е многу стара и за неа постојат разни претпоставки кои наведуваат дека таа е изградена во XIII, XIV или XVI век. Во нејзината внатрешност има два столба, а имало и неколку плочи со стари натписи кои се проучувани од истражувачите од Заводот и музејот во Прилеп.

При нејзината градба покрај обичниот камен се употребувале и плочи со антички натписи пронајдени на остатоците од стари населби во околината.

Пред самата црква има покриен трем со трпеза, а во дворот на црквата се и селските гробишта, кои имаат карактеристичен изглед со своите мали димензии поткренати над земјата, заради тоа што телата на покојниците биле закопувани без сандаци.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Вепрчани

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Вознесението Христово во Македонија