Зографско евангелие — средновековен македонски книжевен споменик кое потекнува од X или почетокот на XI век напишано на глаголица и пронајдено во Македонија.
Ракопис Ракописот потекнува од крајот на Х или почетокот на XI век и е напишан на 304 листа од пергамент со димензии 180х225 мм. Кон првобитниот текст (272 листови) во XII век на местото на изгубени листови се додадени 16 нови листови испишани со глаголично писмо, а на крајот од ракописот во XIII век е додаден синаксар пишуван на кирилица.
Вториот глаголички дел од ракописот е пишуван врз пергаментни листови од коишто претходно е избришан глаголички текст од X век. Недостасува почетниот дел од ракописот и неколку листа од внатрешниот дел на евангелието. Го пишувале двајца глаголописци - едниот од нив го пишувал основниот дел од ракописот, а другиот - додадениот палимпсестов дел, како и двајца кирилописци - при што едниот го запишувал синаксарот, а другиот кириличните записи во глаголичниот дел на ракописот. Од нив е познато само името на пишувачот на синаксарот - Јоан јереј.
Писмо Писмото на ракописот е обла глаголица. Аглести форми има кај поновиот глаголички текст, а глаголица од висечки тип има кај избришаниот текст од палимпсестовиот дел на ракописот. Користен е архаичен правопис со разделно пишување на ук, употреба на диграфот шт и ретка вокализација на еровите.
Особености Некои од јазичните особеностите на овој ракопис се: двоеров правопис замена ъ > o и ь > e во силна позиција: , употреба на четири јусови знаци
Содржина мини|десно|Минијатура на Св. Петар и Павле, лист 43. Според содржинската структура претставува четвороевангелие ‒ го содржи целосниот текст на четирите канонски евангелија. Почетокот на ракописот е изгубен, поради што евангелето според Матеј не е целосно.
Кодексот ги опфаќа:
евангелието според Матеј, почнувајќи од Мт. 3:11 (л. 2 ‒ 76 об.) евангелието според Марко (л. 77 ‒ 128 об.) евангелието според Лука (л. 129 ‒ 224 об.) евангелието според Јован (л. 225 ‒ 288 об.) синаксар (л. 289 ‒ 299 об.) месецослов (л. 299 об. ‒ 304 об.).
Орнаментика Според орнаментиката ракописот содржи знаменца и коцновки во геометриски стил и плетени иницијали. Содржи и минијатура на апостолите Петар и Павле и уште неколку невешти цртежи. Повезот е нов и потекнува од XIX век и претставува имитација на окована подврзија од XIV век на грчки ракописен зборник од светогорскиот манастир „Пантократор“.
Пронаоѓање мини|Петар Севастјанов Ракописот е откриен во Зографскиот манастир во 1843 година од австрискиот конзул во Солун - Антун Михановиќ. Во 1860 монашкото братство преку Петар Севастјанов му го подарило на рускиот цар Александар II кој го предал во Руската национална библиотека во Санкт Петербург, каде што и денес се чува под сигнатура Глаг.1. Дигиталната верзија е достапна во нивната дигитална ризница. зографско евангелие
Поврзано Список на глаголични ракописи (900–1199)
Наводи
Литература
Надворешни врски
„Македонската глаголица“ (МАНУ, Скопје, 2015. 103 страници) Зографското евангелие на Викиизвор на глаголица и кирилица
Категорија:Средновековна македонска книжевност Категорија:Библиски ракописи