„Раскази за мали деца“ — збирка раскази од американската писателка Перл Бак.
Содржина Книгата содржи 13 раскази:Перл Бак, Раскази за мали деца. Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, 1980. Петте деца Гром Сонце Облаци Виножито Што прават децата лете Снег Ѕвезда Стапалки во снегот Што се случува во пролетта На вечера Петар и верверичката Мрак
Технички податоци Како задолжителна лектира за учениците од прво одделение во основните училишта во Македонија, збирката „Раскази за мали деца“ била повеќепати објавувана. Изданието од 1980 година било остварено во соработка со неколку издавачки куќи, и тоа: „Култура“, „Наша книга“, „Мисла“, „Македонска книга“ и „Детска радост“. Преводот го извршиле Васил Куноски, Видое Подгорец и Ванчо Николески, јазичната редакција била дело на Тодор Димитровски, а коректори биле Ружа Димишковска и Павлина Пиперовска. Автор на корицата и на илустрациите во книгата бил Младен Туниќ. Книгата била отпечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во тираж од 30.000 примероци. Книгата, која има 24 страници, не е каталогизирана и не ја содржи меѓународната ознака ISBN.Перл Бак, Раскази за мали деца. Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, 1980.
Наводи
Категорија:Дела на Перл Бак Категорија: Изданија на Култура Категорија: Изданија на Мисла Категорија: Изданија на Наша книга Категорија: Изданија на Македонска книга Категорија: Изданија на Детска радост Категорија:Раскази за деца Категорија:Американски раскази