Раседнодолинска треска (наречена и „треска од долината Рифт“ или RVF) — вирусно заболување коешто може да предизвика умерени до силно изразени симптоми. Во умерените симптоми спаѓаат: треска, болки во мускулите и главоболки коишто честопати траат и до цела недела. Во силно изразените симптоми спаѓаат: губење на способноста за вид три недели по заразувањето, инфекции на мозокот коишто предизвикуваат јаки главоболки и конфузност, а може да има крварење и проблеми со црниот дроб кои може да се појават во првите неколку дена. Кај тие што имаат крварење, веројатноста за смртност е до 50%.
Причина Болеста е предизвикана од RVF вирус, којшто е тип на Phlebovirus . Се пренесува или со допирање на инфицирана крв на животно, вдишување на воздух околу инфицирано животно што било заклано, со пиење на сирово млеко од инфицирано животно или од каснување од инфициран комарец комарци. Животни како што се крави, овци, кози и камили може да бидат заразени. Кај овие животни најчесто се шири преку комарци. Не се случува човек да инфицира друг човек. Се дијагностицира со откривање на антитела против вирусот или со самиот вирус во крвта.
Заштита и лекување Заштитата за луѓето е преку вакцинирање на животните против оваа болест. Ова мора да се стори пред да се појави болеста, бидејќи ако се стори кога веќе се појавила болеста, само може да ја влоши состојбата. Може да биде од корист и ако се спречи движење на животните ако веќе дошло до појава на болеста. И намалувањето на бројот на комарци и бројот на каснувања од комарци може да користи исто така. Постои и вакцина за луѓе; но, од 2010 не е достапна насекаде. Не постои специфично лекување за веќе инфицираните.
Епидемиологија и историја Избувнување на болеста се случило само во Африка и Арабија. Избувнување на епидемија вообичаено се случува во периоди на обилни врнежи кога се зголемува бројот на комарците. Болеста за првпат е евидентирана кај стоката во Големата Раседна Долина во Кенија во раните 1900-ти, а вирусот бил изолиран за првпат во 1931.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Заразни болести Категорија:Биолошко оружје Категорија:Тропски болести Категорија:Болести пренесувани од инсекти