Киро Димитровски - Дандаро (Битола, - с. Поткамен, , ) — македонски графичар, комунистички деец и првоборец. Бил активист на УРС-овите синдикати, член и секретар на МК на КПЈ во Битола (1939). Ја основал првата партиска техника на МК на КПЈ во Битола во 1940 поради што на 5/6.09.1940 бил упасен, а на 13.12 веднаш бил осуден, при што бранител му бил д-р Иван Рибар. Затворската казна ја издржувал во затворите Главњача и Ада Циганлија и во Казнениот завод во Сремска Митровица, од каде што успеал да избега преку подземен тунел на 21/22.08.1941 по што станал борец на Фрушкогорскиот НОП одред од неговото формирање на 9.09.1941. Работел како типограф во печатницата на весникот „Борба“ во слободното Ужице во месец октомври 1941 година. Со единиците на НОВ и ПОЈ и Врховниот штаб, преку Златибор кон Нова Варош, успеале да ја евакуираат и печатницата до с.Доброселце, а тој заедно со други соборци се префрилил во Босна и се приклучил во Витешкиот вод на Романискиот НОП одред. Потоа бил политички комесар на Првата чета на Петтиот шумадиски баталјон на Втората НО пролетерска бригада на НОВ и ПОЈ. Загинал во борба против италијанските окупаторски сили. По ослободувањето, на 18.05.1948 година, неговите посмртни останки биле пренесени во Битола, а неговото име како патрон до денес го носи, тогаш основаната битолска печатница.
Наводи
Категорија:Политичари од Битола