Малки Цалим — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Малки Цалим се наоѓа на 13 километри североисточно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 847 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 7229 км2. Селото се граничи со Голем Цалим и Бождаво. Куќите во Малки Цалим се од типот на родопски куќи и 10 од нив се споменици на културата. На југоисток од селото поминува реката Бождевска. Природните услови се поволни за одгледување на индустриски и фуражни култури и за сеча.
Историја Османлиско Царство
Црквата „Св. Димитриј“ била изградена во втората половина на XIX век.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тимар Цалип (Timar tsalipe) се состоело од 30 куќи и 110 Македонци, а Вакаф Цалип со 45 домаќинства и 150 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142-143.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 210 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189..
Население +Население на Малки Цалим по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 174 190 184 115 34 30 24 20 9 8
+Население по возраст од 2011 година:
Културни знаменитости
Во близина на селото се наоѓа пештерска црква „Свети Јован Рилски’. Легендата вели дека во црквата живеел светецот, пред да биде прогонет од месното население, кое го сметало за магионичар. Секоја година на 18 август на ова место, селата Голем и Мал Цалим прават курбан, со многу песни и ора.
Личности Родени Божин Велев (1896 – 1923), бугарски политичар Јане Јанев (р. 1971), бугарски политичар
Наводи
Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија