Стојан Киселиновски — македонски историчар, научен советник во Институтот за национална историја.

Животопис

Роден е во селото Б’мбоки во Костурско, егејскиот дел на Македонија, на 10 јануари 1943 година. Основно, средно и високо образование - Историски факултет, завршил во Романија. Се вработил во Институтот за национална историја во Скопје. Магистрирал и докторирал на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Покрај големиот број на научни трудови и книги на историска тематика, тој е автор и на првите класични афоризми во Македонија, а пишува и поезија и проза.

Дела Стојан Киселиновски е автор на трудовите: „Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913-1940)“ „КПГ и македонското национално прашање (1918-1940)“ „Статусот на македонскиот јазик во Македонија (1913-1987)“ „Егејскиот дел на Македонија (1913-1989)“ „Етничките промени во Македонија (1913-1995)“ „Македонски дејци (XX век)“ „Дејци на ВМРО и КПЈ во Македонија“ „Македонија низ вековите“ „Историја на Македонија“ „Историја на Романија“ „Малцинствата на Балканот (XX век)“ во соавторство со проф. д-р. Ирена Ставови - Кавка

Наводи

Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски афористи Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски афористи Категорија:Деца бегалци Категорија:Магистри на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Доктори на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“