Лангелсхајм () — град во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија

Градот е сместен помеѓу реката Инерсте и нејзината притока Гране, на северните падини на планинскиот масив Харц и истоимениот национален парк, на околу 8 километри северозападно од градот Гослар.

Градски единици

Астфелд Бределем Лангелсхајм Лаутентал Волфсхаген во Харц

Историја

Местото некогаш било наречено Лангенице (Langenizze) кое се развило од тврдина на планината Канштајн во век, која била подигната од Отонската династија. Лангелсхајм бил место на стари леарници, првпат забележани во век, каде рудата од Рамелсбершките рудници била топена.

Население

Година Жители 1821 5.900 1848 6.873 1871 7.290 1885 8.314 1905 9.707 1925 9.643 Година Жители 1933 9.829 1939 10.090 1946 15.427 1950 16.321 1956 15.061 Година Жители 1961 14.243 1968 14.448 1970 14.451 1975 14.929 1980 14.542 Година Жители 1985 13.967 1990 13.892 1995 13.962 2000 13.619 2005 13.068

Меѓународни односи

Збратимени градови

Лангелсхајм е збратимен со следниве градови:

Емен, Холандија

Познати луѓе

Хајнрих Штајнвег — градител на пијано Јан Асман — египтолог Ханс-Вернер Боте — филозоф и неврохирург Тимо Розе — режисер и музичар

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Гослар (округ) Категорија:Градови во Харц