thumb|upright=1.4|Одлики на снопот на соборените светла мини|десно|Пиктограми на соборените светла на инструмент-таблата

Соборени светла или средни светла – делови од возилата кои служат за осветлување и се користат за осветлување на патот ноќе или во услови на намалена видливост. Истите служат и возилата да бидат лесно забележливи од другите учесници во сообраќајот.

Користење

Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.Службен весник - Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата

Предвиденото користење на соборените светла и дење е со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. За зголемување на безбедноста на патиштата Европската комисија дала препорака сите возила произведени после 2011 година да бидат опремени со дневни светлаДневни светла од 2011 година за зголемување на безбедноста. Во Македонија употребата на дневни светла не е законски регулирана.

Користење на дневни светла (соборените или посебните дневни светла) е задолжително покрај другите и во следниве земји (нецелосен список): Австрија, Бугарија (од 1 ноември до 1 март), Данска, Естонија, Исланд, Италија, Канада, Кипар, Летонија, Литванија, Македонија, Молдавија, Норвешка, Полска, Словенија, Србија, Унгарија, Финска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија и Шведска.

Наводи

Поврзано Фар(автомобил) Долги светла Магленки Дневни светла Ноќно возење

Категорија:Сообраќај Категорија:Безбедност на сообраќајот на патиштата