Јос ван Емден (; р. ) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Познат е како специјалист за хронометри.

Кариера

Ван Емден започнал со возење во 2005 година. Во текот на втората година, освоил четири етапи на три различни трки, станувајќи победник на две други етапни трки и завршил седми на Светското друмско првенство под 23 години. Следната година ја остварил својата прва професионална победа, со победата на Минстерланд Џиро.

Неговиот прв настап на некоја голема трка дошол во 2009 година, кога учествувал на Џиро д’Италија. Една година подоцна завршил деветти на две различни етапи на истата трка и остварил две хронометарски победи во една недела, победувајќи на пролозите на Делта Тур Зеланд и Стер ЗЛМ Тур. Подоцна истата година станал национален хронометарски првак.

Ван Емден покренал медиумско внимание кога ја запросил својата девојка во текот на хронометарот на Џиро д’Италија 2014. Откако прифатила, ја завршил етапата како 120. од 156 велосипедисти.

Во 2015 година, Ван Емден завршил втор на поединечниот хронометар на Трката околу Калифорнија, седејќи на жешкото столче цел ден пред да биде поразен од Петер Саган. Два месеци подоцна, Ван Емден првпат учествувал на Тур де Франс. Бил петти на воведниот хронометар кој се случил во неговата родна земја. Неговата најголема победа дошла на поединечниот хронометар на Енеко Тур, со што го презел и водството на трката.

Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.

Достигнувања

2006 1. Етапа 4 Тур де Норманди 1. Етапа 1 Тур ди Лоар ет Шер Гран при Вилем Тел 1. Пролог 1. Етапа 1 1. Краен пласман Росеритет ДНВ ГП 1. Етапа 1 1. Краен пласман Триптик де Бараж (под 23 години) 1. Етапа 2 2007 1. Пролог (ТТТ) Тур Алзас 1. Минстерланд Џиро 2008 1. Етапа 7 Тур де Норманди 1. Етапа 1 Рона-Алпи Изер Тур 1. Етапа 5 Вуелта Сиклиста а Леон 2010 2. Краен пласман Делта Тур Зеланд 1. Пласман за млад возач 1. Пролог 1. Пролог Стер ЗЛМ Тур 1. 20п Национално хронометарско првенство 2011 1. Стадспрејс Герардсберген 3. Краен пласман Делта Тур Зеланд 1. Пролог 5. Краен пласман Енеко Тур 2013 1. Минстерланд Џиро 4. Краен пласман Трка околу Хајнан 2014 3. Национално хронометарско првенство 10. Париз-Тур 2015 1. Етапа 4 (ITT) Енеко Тур 3. Национално хронометарско првенство 6. Краен пласман Тур ди Поату Шарант 2016 2. Национално хронометарско првенство 3. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур 1. Етапа 1 (ITT) 5. Краен палсман Енеко Тур 8. Светско хронометарско првенство 2017 1. Дварс дор Вест Вландерен 1. Етапа 21 (ITT) Џиро д’Италија 4. Национално хронометарско првенство 5. Европско хронометарско првенство 6. Краен пласман Трка околу Британија 8. Ле Самин 2018 1. Етапа 5 (ТТТ) Трка околу Британија 5. Национално хронометарско првенство 10. Париз-Тур 2019 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка ОАЕ

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро166116159——107—12011799 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——————121—СО— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта———————СО——

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски велосипедисти Категорија:Холандски етапни победници на Џиро д’Италија