Хрсово — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Хрсово се наоѓа на 22 километри јужно од Свети Врач, во Светиврачко-петричката Котлина во југозападниот дел од планината Пирин. Селото се наоѓа на надморска висина од 301 метри, а релјефот е планински. Атарот на селото зафаќа површина од 1.198 км2. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 520 мм. Низ територијата на селото тече реката Мелник. Во Хрсово се одгледуваат на 1200 хектари лозови насади. Винаријата „Хрсово“ се наоѓа во селото.
Историја Османлиско Ццарарство
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката Каза. Црквата „Свети Атанасиј“ била изградена во 1860 година и се наоѓа на највисокиот дел од селото. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Големо Хрсово (Golémo Hërsovo) е село со 87 семејства и 310 Македонци, додека Мало Хрсово (Malo Hërsovo) е село со 11 семејства и 38 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140 – 141..
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 582 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 720 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 42 ученициBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193..
За време на Балканските војни, во 1913 година селото било окупирано од страна на грчката армија, а 100 куќи биле запалениКарнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298..
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Учители и ученици во прогимназијата во учебната 1926-1927 годинаЦентрален държавен архив, ф. 177 К (Министерство на народното просвещение), оп. 2, а.е. 18, л. 59. Класови Ученици Учители Учителки машки женски вкупно редовни нередовни вкупно редовни нередовни вкупно први 24 3 27 0 3 3 0 1 1 втори 22 3 25 трети 9 2 11
Во 1932 година во селото била основана лозарската кооперација „Мелничка лоза“. Кон 1935 година, таа броела 56 членовиСписък на кооперативните сдружения, действали през 1935 година, по места, София 1936, с. 4 (не е отбелязана в изданието – околия Петрич).
Население +Население на Хрсово по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 834 974 889 873 685 498 438 341 245 200
+Население по возраст од 2011 година:
Личности Родени во Хрсово Атанас Василев Ангелов (1920 - ?), бугарски комунист Борислав Владиков (р. 1934) бугарски поет Димитар Г. Алексиев, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 16. Димитар Стаменов (1862 – 1939), македонски еволуционер и просветен деец Костадин Штерков (1882 – 1939), македонски еволуционер и просветен деец Починати во Хрсово Константин Деспотов (1864 - 1932), градоначалник на Сер во времето на Првата светска војна Поврзани со Хрсово Валентин Караманчев (р. 1932), писател
Наводи
Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија