мини|349п|Старото градско јадро на Сеехин и црквата „Св. Марија Магдалена“

Сеехин () — град и општина во Шпанија. Се наоѓа во шпанската покраина и автономна заедница Мурсија, оддалечен околу 66 км од градот Мурсија. Градот има приближно 16,248 жители.

Стопанство

Оваа област традиционално претставува значаен ресурс на мермер, особено црвен мермер, кој се извезува дури и во Јапонија и Аргентина. Земјоделството е исто така значајна гранка, а најмногу се одгледуваат кајсии и праски на наводнувано земјиште и маслинки, бадеми и лоза на посуво земјиште. Во последните години е забележано зголемување на одгледувањето на цвеќиња. Голем број од локалните производи се користат за овошни сокови. Месните претпријатија опфаќаат адвокатски канцеларии, пекарници и градежништво.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Општини во Мурсија