Ситонија () или Лонгос — средниот крак на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија. На запад од него е кракот Касандра, а на исток е Света Гора. Заливите околу полуостровот се Светогорскиот на исток и Торонискиот од запад. Во средишниот дел на полуостровот се наоѓа планината Итамос или Драгунтелис, а кај селото Балабан (Нова Мармара) е сместено познатото одморалишно место Порто Карас. Пределите се планински, со пасишта и шуми.
Општина Ситонија лево|мини|299x299пкс|Карта со населени места на Општина Ситонија Карта на Општина Аристотел
Административно, полуостровот е своја општина (Δήμος Σιθωνίας) во Халкидичкиот Округ. Создадена е на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Ситонија и Торони по законот „Каликратис“.
Општината има само 5 традиционални села. Највеќето населени места се создадени како туристички одморалишта, а уште две села се основани од дојденци од Мала Азија во XX век.
Општинска единица Ситонија мини|лево|Поранешната општина Ситонија на картата на некогашниот округ Халкидик. десно|мини|Аја Никола од југоисток мини|десно|Запустена куќа во Партиноне. Општинската единица Ситониja со седиште во Никит ги опфаќа следниве оддели и населени места:
Општински оддел Никит град Никит (Νικήτη, Никити) село Елија (Ελιά)
Општински оддел Аја Никола село Аја Никола (Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос) остров Ајбелици (Αϊμπελίτσι) село Вурвуру (Βουρβουρού) село Галини Агиу Николау (Γαλήνη Αγίου Νικολάου) остров Дијапорос (Διάπορος) село Елеонас (Ελαιώνας) остров Елија (Ελιά) село Метох Зограф (Ζωγράφου, Зографу) остров Лагониси (Λαγονήσι) село Ормос Панагијас (Όρμος Παναγίας) остров Перистери (Περιστέρι) село Пиргос (Πύργος) село Салониќу (Σαλονικιού) село Схиња (Σχοινιά) село Фтероти (Φτερωτή)
Општински оддел Метиргич град Метиргич (Μεταγκίτσι, Метангици) село Агии Теодори (Άγιοι Θεόδωροι)
Општински оддел Балабан град Балабан (или Нова Мармара; Νέος Μαρμαράς, Неос Мармарас) село Агија Киријаки (Αγία Κυριακή) село Азапико (Αζάπικο) село Галини Неу Мармара (Γαλήνη Νέου Μαρμαρά) остров Желкин Остров (Κέλυφος, Келифос) село Имери Елија (Ήμερη Ελιά) село Партиноне (Παρθενώνας, Партенонас) остров Спалатронисија (Σπαλαθρονήσια) село Стиладари (Στυλαδάρι)
Општинска единица Торони мини|десно|Поранешната општина Торони на картата на некогашниот округ Халкидик. десно|мини|Јужната точка на Ситонија. Општинската единица Торони со седиште во Шиќа ги опфаќа следниве оддели и населени места:
Општински оддел Шиќа град Шиќа (или Сиќа; Συκιά) село Шиќиска Плажа (Παραλία Συκιάς, Паралија Сикијас) село Валти (Βαλτί) село Каламици (Καλαμίτσι) село Куфос (Κουφός) село Пигадаки (Πηγαδάκι) село Платанија (Πλατάνια) село Торони (Τορώνη) село Трстеник (Δεστενίκα, Дестеника)
Општински оддел Сарти град Сарти (Σάρτη)
Поврзано Галепс — древен град на полуостровот Тороне — древен град на полуостровот
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Ситонија
Категорија:Општини во Егејска Македонија Категорија:Полуострови во Егејска Македонија