Хрисант (25 февруари 1768 - 10 септември 1834) — македонски свештеник на Цариградската патријаршија и вселенски патријарх од 1824 до 1826 година.

Животопис Роден во февруари 1768 гoдина во Долно Граматиково, Воденско. Посетувал грчко училиште во Воден, па заминал за Кожани, каде учел кај Амфилохјиас Параскевас. Подоцна прешол во Негуш и изучувал филозофија и математика кај познатиот учител Анастасиос Камбитис, а на крајм кај солунскиот учен Јонас Спармиотис.

По образованието, станал кесариски митрополит. На 5 февруари 1799 г. е избран за берски митрополит уи останал на катедрата сè до 1811 г. Владикувајќи во Бер, направил заложби за развојот на просветната дејност во епархијата. Членувал и во Светиот синод во Цариград. Во 1806 г. го уредил и објавил второто издание на житието на Свети Антониј Нови Берски. лево|мини|Житието на Свети Антониј Нови Берски, 1806. На 13 јули 1811 г. станал серски митрополит и членувал во друштвото „Филики етерија“. На 9 септември 1824 г. е избран за цариградски патријарх по симнувањето на неговиот претходник Антим III. На престолот останува две години, и потоа е симнат од османлиската власт.

Починал во 1834 г. в манастирот „Христос Спасителот“ на Принцовиот Остров (Бујукада) кај Цариград.

Чествување Во 1997 г. в Долно Граматиково е подигната статуа на Хрисант, а почнувајќи од 2000 г. во негова чест во селото се приредува годишен фестивал „Хрисантија“.Επισκοπική προσωπογραφία της μητροπόλεως Βέροιας και Ναούσης κατά την περίοδο της οθωμανοκρατίας (1430-1912)

Поврзано Гркомани

Наводи

Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Луѓе од Граматиково Категорија:Македонски свештеници Категорија:Починати во 1834 година Категорија:Починати во Истанбул