Кипријан (? - 1700) — духовник и вселенски патријарх од 1707 до 1709 и 1713 до 1714 г.

Бил кесариски мистрополит. На 25 октомври 1707 г. е избран за вселенски патријарх, наследувајќи го Неофит V.

Бил гласен поборник за строг живот меѓу свештенството, но ова предизвикало незадоволство кое довело до негово симнување во мај 1709 г. и прогонство во Ватопедскиот манастир на Света Гора.

Во ноември 1713 г. е вратен на престолот, кога патријархот Кирил IV одбил да се плаќаат поголеми давачки за Високата порта и си дал оставка. Бидејќи ни Кипријан не успеал да даде 25.000 гроша, и тој си дал оставка на 28 февруари 1714 г.

Наводи

Категорија:Вселенски патријарси