Бомбашкиот напад во Истанбул — самоубиствен напад кој се случил на 12 јануари 2016 година на плоштадот Султанахмед во Истанбул, Турција, во околу 10:20 часот. Нападот резултирал со 11 жртви, вклучувајќи го и напаѓачот Набил Фадил, како и 15 повредени.
Бомбашот самоубиец Набил Фадил бил по потекло од Сирија, роден во 1988 година и член на Исламска држава (ИДИЛ).
Нападот
Нападот го извршил сириски бомбаш, кој се разнел во непосредна близина на група туристи на плоштадот Султанахметhttp://vesti.mk/read/news/7620783/2824032/desetina-mrtvi-vo-samoubistven-bombashki-napad-vo-istanbul, пред обелискот на Теодосиј во непосредна близина од влезот на Сината џамија.
Според изворите на медиумите, од вкупно 10 жртви, 9 биле германски туристи додека 1 бил перуански. Од повредените 15 туристи, 6 се Германци, 1 Норвежанец, 1 Перуанец и Јужнокореец.
Реакции
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осудил терористичкиот инцидент во Истанбул додека турскиот премиер Ахмет Давутоглу веднаш свикал итен безбедносен состанок со клучните министри и функционери.
Наводи
Категорија:Фатих (Истанбул) Категорија:Турција во 2016 година Категорија:Терористички напади во Турција во 2016 Категорија:Историја на Истанбул (1923-денес)