Ѓеравица () — втор највисок врв на планинскиот венец Проклетие кој припаѓа на синџирот Динариди, после Езерски Врв (Маја Језерца). Тој е највисок врв во Косово со 2,656 метри надморска висина. Ѓеравица се наоѓа во западниот дел на Косово, во општината Дечани. До 20 век, Ѓеравица се нарекување Калуѓерица.
Национална важност Ѓеравица е највисок врв во Косово. Од 1992-2006 година беше највисок врв во Федерална Република Југославија, а потоа и во Србија и Црна Гора. До пред прогласувањето на независноста на Косово, Ѓеравица беше неспорно највисок врв во Србија.
Особини Ѓеравица е малку поразличен од останатите врвови на Проклетие, поради не толку карпестиот релјеф. Многу мали и големи леднички езера можат да се најдат близу врвот. Најголемо од нив е Ѓеравичко Езеро што е сместено веднаш под самиот врв и е извор на реката Ереник.
Ѓеравица и Проклетие се најпознати по костените, бидејќи тука растат во преголем број. Исто така, има и диви јагоди кои растат на овие предели во лето.
Географија Најблиски населби
Дечани Јуник Пеќ Белаје Крши и Ќенит Крши и Зи Велико Језеро Црвено Језеро
Најблиски врвови
Кумулоре Тропојске Плочице Гури и Ѓате Маја е Рамаруќит Љоги и Прелш
Карпи
Бига Тамас Крши и Ќенит Кумулоре Крши и Зи Гури и Маљ Гурт е Љове Брехов Минарја
Галерија
Наводи
Надворешни врски Врв Ѓеравица Ѓеравица на Peakware Слики од Проклетие
Категорија:Планини во Косово Категорија:Проклетие Категорија:Географија на Косово Категорија:Највисоки точки на земјите