Штудер или Калапотска Планина (, Агиос Павлос, , црн борИванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 136.) — планина во Егејска Македонија, денес во Грција. По неа минува границата меѓу општините Неврокоп на север и Просечен на југ. Претстаува мал и кус планински гребен, кој ги сврзува Сминица (Серски Боздаг, гр. Меникио) на запад со Драмски Боздаг (Фалакро) на исток. Највисока точка е врвот Штудер со 1.768 м, по кој се нарекува и целата планина. Поголемиот дел од планината е составен од мермер. На јужното подножје е сместено селото Калапот (Панорама), а на северното — Лисе (Охиро) и Руждене (Гранитис).Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)", София, 1953, стр.14
Името на планината потекнува од старословенското штдъ, штдовинъ.Иванов, Йордан Н. Местните имена между Долна Струма и Долна Места, София, БАН, 1982, стр. 223. Во Грција Штудер се смета за западен дел на Драмски Боздаг.Agios Pavlos peak at western Falakro1768 м
Наводи
Надворешни врски Галерия со снимки од Штудер Галерија на слики од Штудер
Категорија:Рилско-родопски Масив Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Просечен Категорија:Боздаг